Истанбул Нова Година 2024 Истанбул – Нова Година 2024

You are currently viewing Истанбул Нова Година 2024 Истанбул – Нова Година 2024

Опис на патувањето

Престолнина на империи, град кој владее два континента, средиште на цивилизации и култури – се само неколку од многуте дефиниции за Истанбул. Неограничената убавина на Истанбул е тоа што ги привлекува посетителите – безбројни музеи, цркви, џамии, базар, природни убавини. Додека уживате во зајдисонцето седнати покрај Босфорот и ги набљудувате пригушените светла на другиот континент, ќе сфатите зошто токму Истанбул е еден од највеличенствените градови во светот. За овој град кој пет пати го има менувано своето име, има многу што да се зборува. Една посета на овој град нема да Ви дозволи да ги откриете сите негови тајни. Ќе се воодушевувате, ќе разгледувате, ќе останете без зборови од прекрасната убавина, а сепак никогаш нема да дознаете сѐ за овој бисер на Босфорот. Секогаш останува по нешто за наредна посета и сѐ така до недоглед…

 
 
Скопје
Превоз
Авион + трансфер
Сместување
Сместување во хотел Centrum 3*
Услуга
Ноќевање со појадок
Тип на патување
Новогодишно патување
Дестинации
Истанбул
Времетраење
4 дена / 3 ноќи
Трансфер
Вклучен
Поаѓање
30.12.2023, 08:45AM
Екскурзии
Факултативни екскурзии со доплата
Цена
€439

Програма за патување

 
  • 1 ден – 30.12.2023 (Сабота)

    +

    Состанок на групата на аеродром два и пол часа пред полетување. Полетување со Turkish Airlines во 08:45 часот со број на лет TK 1004. Слетување во Истанбул во 12:20 часот и организиран трансфер од аеродром до хотел. Сместување во хотел. Попладне (факултативно) организиран трансфер до брод, каде ќе може да уживате во предновогодишна турска вечер со ноќно крстарење по Босфорот со вклучена вечера , пијалок и забава. Враќање во хотел. Ноќевање.

  • 2 ден – 31.12.2023 (Недела)

    +

    Појадок. Во 08.30 часот (факултативно) посета на најубавата султанска палата Долма Бахче Сарај со стручен водич и превоз. Градена во Европски стил во 19 век, една од најгламурозните палати во светот, која зрачи со луксуз и приказни. Била административен центар на крајот на Отоманската империја со последниот Султан кој живеел во неа, а денес е претворена во музеј кој содржи уметничко историски збирки со непроценливо богатство. Продолжуваме (факултативно) кон Ушкудар, каде ќе може да се посети Кузунџук во азискиот дел на градот, населена област со колоритни дрвени куќи, калдрма и секако, омилено место за снимање турски серии. Се продолжува со посета на ридот Чамлиџа, кој е едно од омилените места за рекреација на локалците, и кулата, од која може да уживате во прекрасен панорамски поглед на Босфорот. Враќање во хотел. ПРЕДЛОГ – ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА на отворено, на некој од плоштадите на Истанбул (индивидуално). Ноќевање

  • 3 ден – 01.01.2024 (Понеделник)

    +

    Појадок. Во 09.00 часот (факултативно) посета на Вселенската Патријаршија. Прошетка и посета на Балат, една од најстарите и најспектакуларните област во Истанбул, препознатлива по историските градби и калдрмата. Продолжуваме (факултативно) кон Пјер Лоти, од каде што може да уживате во најубавиот поглед на градот. Слободно време за ручек. Денот го продолжуваме со крстарење по Босфорот (факултативно) со панорамски разглед на палатите од двете страни на каналот: Долма Бахче, Јилдиз Палатата, Белербеј која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна и мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија. Враќање во хотел. Ноќевање.

  • 4 ден – 02.01.2024 (Вторник)

    +

    Појадок. Одјавување од хотел. Во 08.30 часот (факултативен) разглед на градот со стручен водич: прошетка по Султан Ахмед плоштадот и Византискиот Хиподром. Посета и влез во локалитетите: Султановиот дворец опкружен со море од сите страни Топ Капи Палатата – музеј со непроценлива колекција на споменици и уметнички дела, во неа е изложен мечот на пророкот Мухамед и најголемиот дијамант на светот. Сегашниот изглед на палатата датира од времето на Сулејман Величествениот; Џамијата Султан Ахмед наречена и Сина Џамија поради своите бои: сина, зелена и бела, последна импресивна градба на Отоманската религиска архитектура, единствена џамија со 6 минариња; Аја Софија – црква, џамија, музеј… и повторно џамија. Архитектонско монументално дело, кое во 6-от век е подигнато од византискиот цар Јустинијан. Слободно време за ручек. Организиран трансфер до аеродром околу 16:00 часот. Полетување за Скопје во 20:25 часот со број на лет ТК 1005. Слетување во Скопје во 19:55 часот. Крај на програмата.

    Во цената се вклучени следните услуги

    • Авио билет на релација Скопје – Истанбул – Скопје со Turkish Airlines
    • Аеродромски такси
    • Чекиран багаж 20кг
    • 3 ноќевања со појадок во хотел со Centrum во срцето на градот – Султан Ахмед
    • Организација и пратител на патувањето

    Не е вклучено

    • Посета на Долмабахче, Ушкудар, Кузунџук и Чамилџа – 65 €, влезница за во кулата не е вклучена
    • Вечера на брод – 70 € по лице, со вклучен трансфер, вечера и пијалоци на бродот
    • Посета на Вселенската Патријаршија, Балат, Пјер Лоти и крстарење по Босфорот – 65€ со трансфер и водич
    • Разглед на градот (Хиподром, Аја Софија, Сина Џамија) со локален водич и влезница за Топкапи палатата – 60 €
    • Патничко и здравствено осигурување – 200 ден
    • Цена за пакет со сите факултативи – 235 € по лице