Истанбул Нова Година – 3 ноќи

You are currently viewing Истанбул Нова Година – 3 ноќи

28.12.23 – Скопје
Состанок со групата во Скопје. Поаѓање кон Истанбул. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински
формалности.

 29.12.23 Истанбул (Султанахмед плоштад | Капали Чаршија | Сафир Тераси |Таксим)
Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Во зависност од расположливостa на собите во
хотелот, доколку има слободни соби, сместувањето е веднаш. Доколку нема, според правилата check in ќе биде
после 14 часот по локално време (агенцијата секогаш се труди патниците веднаш да влезат во собите, но не
сносува одговорност доколку собите не се ослободени).НАПОМЕНА: Доколку не успеат сите патници да влезат
во собите, се оди на тура со цел да не се пропуштат локалитетите, а ќе влезат во хотел по завршувањето на
разгледите).Во договорено време групата се чека рецепција и се упатува кон населбата Аксарај, историскиот дел
на Истанбул, каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали чаршија. Преку пешачката тура ќе
имате можност да се запознаете со околината и крајната цел Сината џамија, Хиподромот, Аја Софија, Капали
чаршијаНОЌЕН ИСТАНБУЛ СО САФИР ТЕРАСИ И ТАКСИМОваа посета значи панорамски разглед на
Истанбул со автобус, во вечерните часови кога градот се трансформира во градот на светлоста и убавината. Се
поминува крај бизнис делот на Истанбул каде се наоѓаат големите холдинзи, облакодери и високи згради, секоја
со свое посебно светло. Се посетува највисоката зграда во Турција (236м) Sapphire Seyir Terasi (панорамска
тераса), можност преку четиридимензионалното небесно возење до хелихоптер над Истанбул да ги посетите
најзначајните знаменитости: Галата Кула, Златниот Рог, Сината Џамија, Аја Софија, Топ Капи, Девојачката Кула.
Оттаму се упатуваме на Таксим каде имаме слободно време на еден од најпознатите плоштади на светот.
Враќање во хотел, ноќевање.

 30.12.23 Истанбул (Балат | Крстарење по Босфор | Долма Бахче | Панорамски разглед на
Азиски Истанбул )
Појадок. После појадокот, слободен ден за индивидуални активности или можност за факултативна посета на
шарената филмска населба „Балат“ чии улички ги има на многу познати филмови, кои најубави фотографии се
прават во ова населба. Балат важи за една од христијанските населби во Истанбул каде може да се сретнат многу
цркви, меѓу кои и железната црква која е донација и е изградена од македонските мајстори. Во склоп на
факултативата се посетува железната црква, каде може да се посети гробот на Партенија Зографски и велешкиот
митрополит Малетиј, се посетува „Вселенска патријаршија“, а по посетата групата има слободно време околу 2
часа за прошетка по уникатните историски улички. Оваа стара област е исполнета со прекрасни дрвени куќи во
боја и кафулиња веднаш ќе ви овозможат прекрасни доживувања. Едно од иконите и најфотографираните места
во Истанбул се куќите во улицата Киремит. Куќи насликани со пастел кои создаваат жива улична сцена. Тоа е
толку тивка и релаксирачка област за престој, помеѓу локалното население, далеку од зафатениот град. Следи
факултативно крстарење со брод по Босфор. Престојот во Истанбул не е комплетен без традиционалното и
незаборавно крстарење по Босфорот. Бреговите од двете страни претставуваат мешавина од минатото и
сегашноста, од модерни раскошни хотели, палати до приватни куќи. За време на патувањето се поминува покрај
прекрасната Долма Бахче Палата, зелените паркови и царските паваљони на Јилдиз Палатата, Белербеј Палатата
која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна, под мостовите кои го делат Истанбул на Азиски и Европски
дел… прекрасна панорамска прошетка низ Истанбул. Следи факултативна посета на Азискиот дел на Истанбул.
Ускудар: еднa од најважните турски населби уште од времето на Османлиите. Тука се наоѓа убавата џамија на
Михримах Султан (ќерката на Сулејман Величенсвени и Хурем).Во непосредна близина на брегот на Ускудар се
наоѓа Моминската кула Кузгунџук е населба во областа Ускудар на азиската страна на Босфорот во Истанбул,
Турција. Соседството е центрирано на долината што се отвора кон Босфорот и е донекаде изолирано од главниот
дел на градот, опкружено со природни резервати, гробишта и воена инсталација. Тоа е тивка населба со улици
обложени со антички дрвени куќи. Кузгунџук се граничи на север со Бејлербеј, на исток со Бурханије, на југ со
Икадије и Султантепе, а на запад со Босфор. Од другата страна на Босфорот е Бешикташ. Бејлербеј: прекрасно
место покрај самиот Босфор. Место со многу рибни ресторани. Место каде се снимени бројни турски серии. Дом
на Бејлербеји палатата.Враќање во хотел. Ноќевање
 31.12.23 Истанбул (Дочек на Нова Година 2024)
Појадок. Слободен ден се до вечерните часови кога во договорено време има состанок на групата на рецепција и
следува дочекот на НОВАТА 2024та година на БОСФОР.
01.01.24 Истанбул (FORUM + Аквариум Turkuazzo )
Појадок. Напуштање на хотелот. Посета на трговски центар – FORUM. Во склопот на трговскиот се наоѓа и
аквариумот Turkuazzo кој е првиот гигантски аквариум во Турција, кој на посетителите им нуди можност да
пливаат меѓу петте тигар ајкули и да ги хранат. Водениот базен има површина од 8000м2 , а неговата вредност
изнесува 17 милиони евра. Покрај 2.5 метарските тигар ајкули во слатките и солените води на аквариумот живеат
и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените. Благодарение на
специјалните тунели кои се дел од објектот, посетителите уживаат во 270 степенската панорама. Всушност тука
се наоѓа и еден од најдолгите поздемни тунели во светот 80м должина. Седум нуркачи редовно ги чистат водните
басени во аквариумот и ги хранат ајкулите, некои и со гола рака.Планирано тргнување за Македонија некаде
околу 16:00 по турско време. Пристигнување во Скопје во утринските часови.

Во цената на аранжманот е вклучено :
· Превоз со туристички автобус на наведената релација;
· Сместување во двокреветни соби во хотел во Истанбул – 3 ноќевања со појадок;
· Пешачка тура ( Сина Џамија; Аја Софија, Хиподром, Капали Чаршија )
· Посета на трговскиот центар FORUM;
· Професионален туристички придружник од агенцијата;
· Организација и реализација на програмата;
Во цената на аранжманот не е вклучено:
· Крстарење по Босфор + Балат – 30 €;
· Посета Долма Бахче Сарај + харем – (превоз со автобус + влезница + локален водич) – 35 €;
· Панорамски разглед на Азиски -15 €;
· Пакет Балат + Крстарење + Долма Бахче + Панорамски Азија 70 €
· Сафир Тераси + Таксим – 30 €;
· Дочек на Нова Година на брод ( 6 часовно ноќно крстарењесо музичка програма, јадење и
неограничено пиење + трансфер )
140€;
· Посета на аквариум – 20€;
· Патничко осигурување ( задолжиелно);
Патувањето е од туристички карактер и 2 факултативи се задолжителни
Општи напомени:
· Организатор на аранжманот е ТА АтлантиС;
· Резервација се прави со уплата на 50% од вкупнот износ на аранжманот;
· Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
· Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62
мкд;
· За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 40 патника;
· За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 180 дена по завршувањето на
аранжманот,
· Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на
цената на превозот или хотелот;
· Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже
во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
· Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на
промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
· За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на
внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно
нагласено во програмата;
· Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
· Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај
на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој
во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС  и ТА.МИГ ТРАВЕЛ