ИСТАНБУЛ

ИСТАНБУЛ

Истанбул – 2 ноќи

 

 

1 ден (четврток – 08.12.2020): БИТОЛА

Состанок на групата на паркингот пред спортската сала во Битола околу 12:00 часот. Поаѓање за Турција. Патот води преку Прилеп, Велес, транзитирање низ Бугарија, Едрене… ноќно и денско патување, со кратки попатни паузи.

 

2 ден (петок – 09.12.2020): ИСТАНБУЛ

Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Можност за посета на Лалели, Бејазит, Капали Чаршија со претставник од агенција. Околу пладне сместување во хотел. Слободно време за одмор или индивидуални прошетки. Во попладневните часови, факултативна посета со локален водич, на азискиот дел на Истанбул – брегот на Ускудар со романтично зајдисонце кое ја отсликува силуетата на Истанбул, посета на легендарната Девојачка Кула, а потоа и плоштадот Таксим на европскиот дел. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ден (сабота – 10.12.2020): ИСТАНБУЛ

Појадок. После појадокот поаѓање за факултативна посета на историски најзначјните места низ Истанбул со стручен локален водич: посета на втората по големина џамија во Истанбул, џамијата на Сулејман Величенствениот, каде воедно се наоѓаат гробниците на Султан Сулејман и Хурем Султан и најпознатиот отомански архитект, Мимар Синан. Екскурзијата продолжува со посета со влезница на Базилика Цистерна – Јеребатан, историски објект кој датира од 6 век, а за кој се врзани интересни историски факти и легенди. Продолжуваме со посета на Султанахмет плоштадот  каде се наоѓаат Сината Џамија, Аја Софија, Топ Капи Палата (без влезница за музеите), каде што ќе имате можност да ги слушнете најважните и најубавите историски приказни. Продолжуваме преку паркот Ѓулхан, железничката станица каде завршувал Ориент Експрес до Египетски пазар. Слободно време за купување и ручек (предлог, сендвич со риба). Враќање во хотел. Во попладневните часови поаѓање за факултативна посета на две од маалата популарни за вечерни излегувања – Кадикој и Ортакој, за да го доловите градот ноќе од уште една нова, популарна перспектива. Враќање во хотел во ноќните часови. Ноќевање.

 

4 ден (недела – 11.12.2020): ИСТАНБУЛ

Појадок. По појадокот – факултативно крстарење по Босфор со стручен локален водич, каде од друг агол се доловува грандиозноста на еден од најбајковитите градови на светот, местото каде истокот и западот се допираат. Понатаму продолжуваме со посета на Цариградската Патријаршија со стручен локален водич. Продолжување на факултативниот излет со посета на едно од романтичните места во Истанбул и чест избор на локалното население и туристите за мал пикник: Pierre Loti видиковецот. Пауза за кафе со Златен Рог на дланка. Посета на трговскиот центар Форум, слободно време за купување или можност за индивидуална посета на аквариумот или 4Д симулаторот. Поаѓање за Македонија во попладневните часови.  

 

5 ден (понеделник – 13.12.2020): БИТОЛА

Пристигнување во Битола во утринските часови.  

 

Цена на аранжманот: 5.540,00денари

Доплата за еднокреветна соба: 30% од износот на аранжманот  

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Автобуски превоз на горенаведената релација
2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Аксарај
Запознавање со Лалели, Бејазит, Капали Чаршија со пратител од агенција
Посета на трговски центар Форум
Организација, водство и реализација на аранжманот

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Посета на Такисм, Ускудар и Девојачката Кула на Босфор – 15€
Пешачки разглед  со локален водич на знаменитостите на Истанбул: Сулејмание, Базилика Цистерна со влезница, Аја Софија, Султанахмет, Сината Џамија, Топ Капи Палата (до музеите), Египетски Пазар – 20€
Посета на Кадикој и Ортакој – 15€ по лице
Крстарењето по Босфор со локален водич – 15€
Индивидуално патничко осигурување

Можеби не е најубав во светот, но има најнеобична географска позиција …. Најголемиот град на Република Турција се наоѓа на бреговите на теснецот Босфор и морето Мармара, на пресекот на патиштата што водат од Балканскиот Полуостров до Мала Азија и од Средоземното Море до Црното Море. Овој голем град, единствен во светот што треба да се подигне на два континента, распрснат од моќниот Босфор од исток, водите на заливот на Голден Рог од север и Мермерното Море од југ, има површина од 5.712 км2 и во својата област вклучува група на острови од мермерното море познати како кнезови. Климата се карактеризира со топли медитерански ветрови, кои се спротивставуваат на зачестеноста на студените бранови од Црното Море. На местото на малата Византија, се појави нов Рим, со името Константинопол или град на Константин. Подоцна се викал Цариград, а денес е ИСТАНБУЛ. Истанбул денес е најважниот град во Турција со над 20 универзитети, колеџи и средни училишта, библиотеки и центри за култура. Истанбул е економско и културно седиште на турската држава, важен меѓународен и транспортен центар и силен туристички центар.

·Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.

·ВАЖНА НАПОМЕНА: Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи. За ова патување не е потребно PCR тест. Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.

·Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.

·Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

·Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.

·Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.

·Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.

·Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.

·Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.

·ВАЖНО: Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ или Турција.

·Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.

·Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.

·Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Турција, пасошот треба да е минимум до 6 месеци пред истекување, во спротивно можно е да не биде пуштен на територијата на Република Турција. Агенцијата не сносува одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.

·Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.

·Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сносува одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.

·Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.

·За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.

·Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.

·Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.

·Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)

·Aгенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.

·Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.