ICONIC AEGEAN Celestyal Olympia

You are currently viewing ICONIC AEGEAN Celestyal Olympia

Можеби ова е кратко крстарење, но, ќе бидете изненадени колку прекрасни места посетуваме. Миконос и неговите познати ветерници, Кушадаси во Турција со Ефес – местото на едно од седумте чуда на античкиот свет и прекрасните грчки острови Патмос, Крит и Санторини. Вашето крстарење по прекрасното Егејско Море ќе изгледа како сон до моментот на вашето враќање…

 

ТИНА / МИКОНОС / КУШАДАСИ / ПАТМОС / КРИТ (ХЕРАКЛИОН) / САНТОРИНИ
ТЕРМИНИ: 14.Април и 28.Април 2023

Атракции на патувањето:
✔ Шест пристаништа за четири дена
✔ Вечерни прошетки во Миконос и Патмос
✔ Неверојатната палата Кносос на Крит

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 

1.ДЕН (четврток)  13.04.2023 / 27.04.2023           СКОПЈЕ – АТИНА  
Состанок на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 20:30 часот. Поаѓање кон Грција во 21:00 часот. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица – Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.

2.ДЕН (петок)  14.04.2023 / 28.04.2023                 АТИНА – МИКОНОС 
Пристигнување во Атина во утринските часови. Трансфер до пристаништето Лаврион и комплетирање на формалностите за влез на бродот и запознавање со бродот Celestyal Olympia. 
Во поладневните часови, го напуштаме историскиот и космоплитски главен град на Грција и испловуваме кон нашата прва дестинација, прекрасниот остров Миконос, познат и како Островот на ветровите. Направете вечерна прошетка низ стариот град со неговите беспрекорно варосани куќи, кривулестовите улички, убави мали цркви и прекрасни ресторани на работ на водата. Несомнено ќе ја препознаете разгледницата со  бели ветерници наредени една до друга,  со поглед кон морето. Ноќевање.

3.ДЕН (сабота)  15.04.2023 / 29.04.2023             КУШАДАСИ – ПАТМОС 
Пристигнуваме во шарениот Турски  град Кушадаси во утринските часови. Ова е крајбрежната порта до античките урнатини на Ефес, познат по едно од седумте чуда на античкиот свет, храмот на Артемида. Продолжуваме кон Патмос, еден од најсеверните и најмалите острови на Додеканезите, со сиот свој шарм. Најпознат е како место каде што е напишана Книгата на Откровението – последната книга од Новиот завет, за која се верува дека е дело на апостол Јован. Ноќевање.

4.ДЕН (недела) 16.04.2023 / 30.04.2023      КРИТ (ХЕРАКЛИОН)  – САНТОРИНИ 
Добредојдовте на Крит, најголемиот грчки остров, место на мистерии, митови и легенди. Имате можност да го посетите раздвижениот град Ираклион и да се запознаете со дел од извонредната археологија и историја на Крит. Можете да дознаете повеќе за уметноста и креативноста на античките Минојци. Нашата одисеја продолжува кон Санторини, каде ќе поминеме една вечер и  чие неверојатно лице е веднаш препознатливо низ целиот свет. Сигурни сме дека ќе ви го одземе здивот, со високите пејзажи, нанижани варосани куќи во главниот град Фира и, се разбира, иконската црква со сина купола во Иа. Не заборавајте да посетите еден од многуте ресторани наредени на работ на калдерата. Ноќевање.

5.ДЕН (понеделник) 17.04.2023 / 01.05.2023         АТИНА – СКОПЈЕ 
Се враќаме во главниот град по неколку резвиорени денови на авантура и истражување. Напуштање на бродот во претпладневните часови. Пред заминување за Македонија, можност за панорамска прошетка по Аполоновиот брег на Атика: летувалиштата Глифада, Вула, Вулиагмени… рт’от Сунион, кој е и најужниот дел од европското копно. Поглед кон остатоците на некогашниот антички храм, подигнат над самиот рт’ во слава на богот Посејдон. Во враќање посета на Пиреа (едно од најголемите пристаништета на Медитеранот), како и на нејзините познати марини. Патувањето продолжува кон Македонија, со попатни застанувања за одмор. Пристигнување во Скопје во ноќните  часови.

Цена на аранжманот: ПАКЕТ INCLUSIVE
Редовна цена за внатрешна кабина (тип IA): 469 €
Цена во претпродажба: 449 € по лице

Редовна цена за надворешна кабина (тип XA): 519 €
Цена во претпродажба: 499 €

Попусти за деца и возрасни, во придружба на 2 возрасни лица:
при сместување во тип на кабина IA: 
3 и 4 возрасен -80 € (попуст)
2-11,99 години -150 € (попуст)
3 месеци до 1,99 години -226 € (попуст)

при сместување во тип на кабина XA: 
3 и 4 возрасен -120 € (попуст)
2-11,99 години -190 € (попуст)
3 месеци до 1,99 години -266€ (попуст)

Во цената на аранжманот е вклучено:
• превоз со туристички автобус Скопје-Атина-Скопје 
• сместување во кабини од понудениот избор, на бродот Celestyal Olympia
• пристанишни и други такси 
• бакшиш 
• полн пансион (појадок, ручек и вечера)
• селектирани пијалоци вклучени во оброците во главниот ресторан (не важи во специјални ресторани) 
• дневни и ноќни активности, забавна програма, анимација 
• *попуст на екскурзии од 75 € по лице (со резервација пред поаѓање) 
• забава и дневни активности на брод
• придружник од агенцијата за време на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• останати екскурзии 
• услуги во салон за убавина и СПА центар 
• интернет 
• медицински услуги 
• патничко осигурување 
• доплата за пакет ENHANCE (150 €) 

ДОПЛАТА ЗА ПАКЕТ ENHACE: за само 150 €
Вклучува:
– Премиум пакет на пијалоци (возрасни и деца)
– Дополнителни 75€ попуст на екскурзии 
– Интернет WiFi пристап (1h на ден) 
– Попуст до 25% на speciality menu во Aegean ресторан 

Напомени:
– Промени во рутата на патување се можни во случај на неповолни временски услови
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници. 
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на Савана и Т.А МИГ ТРАВЕЛ
– 

Опис на кабини за сместувањеhttps://celestyal.com/en-cy/our-ships/olympia/staterooms/

IA – Внатрешна кабина
– Внатрешните кабини на палубата 3 (~ 11 м2) можат да сместат до 4 лица со два единечни кревети, трет/четврт кревет, бања со туш, клима уред, телефон, фен, сеф и ТВ.

XA – Прозорски кабини
– Надворешните кабини на палубата 2 (~ 11 м2) можат да сместат до 4 лица со два единечни кревети, трет/четврт кревет, бања со туш, клима уред, телефон, фен, сеф, ТВ и бар.

_____________________________

>>> ЕКСКУРЗИИ НА КРСТАРЕЊЕ <<<

ЗОШТО ДА РЕЗЕРВИРАМЕ CELESTYAL  ЕКСКУРЗИЈА
Дестинациите на крстарење со Celestyal се  меѓу  највозбудливите, историски, сликовити и предизвикувачки екскурзии во светот.
Придружете ни се на трите ноќни маршрути и нурнете во прекрасните искуства на живеење, доживејте ги митовите и легендите на Античкиот свет, откривајќи стари цивилизации и следејќи ги стапките на големите личности од историја. Од класичната Атина до прекрасниот Миконос, воодушевувачкиот Ефес, Патмос, Крит и зачудувачкиот Санторини.
Ќе бидете изненадени од она што можете да го видите и направите за само неколку дена. Ќе почувствуваме дека патуваме на сопствена одисеја преку Егејот.
Специјално дизајнираните екскурзии ќе го збогатат вашето Celestyal искуство со стручните водичи кои ве водат чекор по чекор низ вашето патување и доживување на историјата. Понекогаш во историјата не е лесно да се утврди каде завршуваат фактите, а започнуваат легендите. Тоа секако ќе ја разгори вашата имагинација и ќе се придружите за да дознаете. Навистина е предизвик, кога велиме дека секој момент е дестинација и „секоја дестинација е чудо“.

ПАКЕТИ НА ЕКСКУРЗИИ
Откријте го “истражувачот“ во вас и уживајте во пакетите на екскурзии со попуст.
(Ако се качите од друго пристаниште, ве молиме контактирајте не за вашите достапни пакети.)

Пакет екскурзии со попуст од 15% (вклучува):
✔ Античкиот Ефес низ вековите (KUS-02)
✔ Религиозна посета на манастирот Свети Јован – Пештерата на Апокалипсата (PAT-01)
✔ Минојската палата на Кносос – 1-ва европска цивилизација (HER-02)
✔ Спектакуларното село Иа сместено на работ на Калдерата на Санторини (САН-01)
Цена на пакетот ВОЗРАСНИ 265 €, ДЕТЕ 200 € (вклучува 15% попуст)
Со цена INCLUSIVE: ВОЗРАСНИ 190 €, ДЕТЕ 125 €
Со цена ENHANCE:   ВОЗРАСНИ 115 €, ДЕТЕ 50 €
Цените се по лице со применет попуст

Пакет екскурзии со попуст од 10% (вклучува):
✔ Античкиот Ефес и терасестите куќи (KUS-07)
✔ Минојската палата на Кносос – 1-ва европска цивилизација (HER-02)
✔Спектакуларното село Иа сместено на работ на Калдерата на Санторини (САН-01)
Цена на пакетот ВОЗРАСЕН 222 €, ДЕТЕ 166 € (вклучува 10% попуст)
Со цена INCLUSIVE: ВОЗРАСНИ 147 €, ДЕТЕ 91 €
Со цена ENHANCE:   ВОЗРАСНИ 72 €, ДЕТЕ 16 €
Цените се по лице со применет попуст

НАПОМЕНИ
· Сите времиња и редослед на посети се предмет на промена во зависност од сообраќајниот метеж на локациите и временските услови.
· Реализацијата на турите е во зависност од периодот на патување во текот на годината – ве молиме проверете во моментот на резервација.
· За реалзиација на екскурзии потребно е минимално број на патници, според правилата и условите.
· Ве молиме внимавајте на кодот на облекување при влез во верски објекти; нозете и рамената треба да бидат покриени (без шорцеви), долги здолништа (под коленото).
· Условите и правилата се достапни на: www.celestyalcruises.com/shorex-conditions

_____________________________

АНТИЧКИОТ ЕФЕС НИЗ ВЕКОВИТЕ
Цена: 79 € Возрасен / 59 € Дете
Времетраење: Половина ден
Тур код: KUS – 02

АНТИЧКИОТ ЕФЕС И ТЕРАСЕСТИТЕ КУЌИ
Цена: 89 € Возрасен / 66 € Дете
Времетраење: Половина ден
Тур код: KUS – 07

РЕЛИГИОЗНА ПОСЕТА НА МАНАСТИРОТ СВ. ЈОВАН – ПЕШТЕРАТА НА АПОКАЛИПСАТА
Цена: 75 € Возрасен / 59 € Дете
Времетраење: Половина ден
Тур код: PAT – 01

МИНОЈСКАТА ПАЛАТА ВО КНОСОС – ПРВА ЕВРОПСКА ЦИВИЛИЗАЦИЈА
Цена: 79 € Возрасен / 59 € Дете
Времетраење: Половина ден
Тур код: HER – 02

СПЕКТАКУЛАРНОТО СЕЛО ИА НА РАБОТ НА КАЛДЕРАТА НА САНТОРИНИ
Цена: 79 € Возрасен / 59 € Дете
Времетраење: Половина ден
Тур код: SAN – 01