Хотел Скардус 4* – Попова Шапка

Хотел Скардус 4* – Попова Шапка

Попова Шапка, туристички центар лоциран на најубавиот дел на Шар планина, е еден од најголемите и најубавите ски-центри во Македонија, кој се наоѓа на над 1800м надморска височина и се карактеризира со голем број на планински врвови над 2500м надморска височина. Се наоѓа на околу 18 км од Тетово и околу 65 км од Скопје.

 

Хотелот Скардус нуди релаксација и удобност во сите сезони. Зимската убавина, фасцинантната природа и свежината на летото даваат прекрасна и релаксирачка панорама. Хотелот со 4 sвезди нуди пријатна атмосфера, при што големо внимание се посветува на испреплетеноста на модерното и традиционалното.

Хотел Скардус нуди висококвалитетни услуги со капацитет од 140 кревети, организирани во повеќе типови стандардни соби и апартмани, каде 2 ВИП апартмани се опремени со сауна.

Посебно внимание се посветува на ресторанот, каде можете да се послужите со различна храна со висок квалитет и одличен вкус.

Покрај ресторанот, барот и две конференциски сали, кои се опремени со сите професионални услови за одржување состаноци, семинари и конференции, хотелот располага и со Спа центар со два базени (за возрасни и деца), три сауни и фитнес центар. Масажи се нудат на барање.

Попова Шапка како туристички центар е познат по планинскиот туризам. Поседува 11 ски-лифтови во должина од 11.000 метри, со капацитет од 8000 скијачи на час и должина на патеката од околу 20 км. Ски патеките се погодни за сите нивоа на скијање, од почетници до професионалци.

Покрај скијањето на патеките, Хотелот Скардус организира и FREE RIDE SKIIN (скијање надвор од патеките), каде скијачите се качуваат со Ратрак на најубавите делови на Шар Планина. Капацитетот на Ратракот е 15-20 лица и се користи и за рекреативни прошетки за уживање во импресивната зимска убавина на Шар Планина.

Исто така, во текот на летото, се организира авантуристички туризам со професионални водичи за пешачење (Hiking) во најубавите места на Шар Планина. Почетната точка на поаѓање е Хотел Скардус која се наоѓа на надморска височина 1500м.

* Јелак – 1700м надморска височина – 40 минути пешачење
* Лешница – 2160м надморска височина – 4 часа пешачење
* Титов Врв – 2749м надморска височина – 7 часа пешачење
* Црното езеро: 2150м надморска височина – 6-7 часа пешачење
* Боговињско Езеро – 1900м надморска височина – 5 часа пешачење
* Бело езеро – 2250м надморска височина – 6 часа пешачење

Попова Шапка нуди разновидни активности во текот на целата година и претставува рајско засолниште за лубителите на природата и планинските спортови.

 

Есенска Понуда  -Hotel SCARDUS 2020 цени валидни за минимум 2 ноќевања:

До 20.12.2020 цени по лице на ден:

Еднокреветна соба  – 42еур / 1 ЛИЦЕ

Двe или повеќе креветни соби Двокреветна / Твин или Трокреветна- 35еур / по ЛИЦЕ на ден

Деца  0-4,99год – бесплатно

Деца 5-11,99год плаќат 50 %  од цената на возрасен.

Деца од 12 год. плаќат 100% од цената на возрасен.

 

Во цената е вклучено: Ноќевање со Појадок-буфет и Вечера

Вечерата вклучува: Салата/Супа, главното јадење и десерт (Пијалоците не се вклучени во цената).

Бесплатно: Приватен паркинг, Wi-fi, Спа центр ( Базен, 2 фински сауни и 1 турска како и фитнес центар).


 

Зимска понуда Hotel SCARDUS – 2020/2021 

Од датум 20.12.2020 до 31.03.2021 цени по лице на ден, валидни за минимум 2 ноќевања:

Еднокреветна соба -55еур / 1 ЛИЦЕ

Дво или повеќекреветни соби Двокреветна/Твин / Трокреветна- 45еур по лице на ден

Деца  0-4,99год – бесплатно

Деца 5-11,99год плаќат 50 %  од цената на возрасен.

Деца од 12 год. плаќат 100% од цената на возрасен.

Во цената е вклучено: Ноќевање со Појадок-буфет и Вечера

Вечерата вклучува: Салата/Супа, главното јадење и десерт (Пијалоците не се вклучени во цената).

Бесплатно: Приватен паркинг, Wi-fi, Спа центр ( Базен, 2 фински сауни и 1 турска како и фитнес центар.

 

Политика на отказ на резервација:

До 5 дена пред пристигање без пенали.