ХОТЕЛ ЛАКИ 4* – ОХРИД

ХОТЕЛ ЛАКИ 4* – ОХРИД

Лаки Хотел и Спа е микс на Западната и Источната хотелска култура и етика, ја спојува безвремената елеганција, комфор, луксуз, дизајниран простор и незаменлив поглед кон Охридското езеро и планинските пејсажи. Ресторанот во Лаки хотел и Спа е отворен за појадок, ручек и вечера за гости на хотелот, но и за надворешни гости. Во самиот ресторан секогаш ќе наидете на релаксирачка атмосфера, добра услуга, и вкусна храна. Барот во Лаки Хотел и Спа има богато мени со освежителни пијалоци за дневно освежување и уште повеќе богато мени за опуштање во вечерните часови.
За време на летните денови и топлото време, може да се освежувате во отворениот бар покрај базенот, со незаменлив поглед кон Охридското езеро и најблиските планини.

СПА атмосфера: Лаки Спа за своите гости создаде интимен амбиент и тотално опуштена атмосфера. Сите активности и сервиси се сместени на еден спрат, што овозможува целосно исклучување од надворешниот свет и започнување на спа патувањето.
Сауна и ароматерапи бања: Посебно задоволство е да уживате во сауната и парната бања. За целосен спа третман ја препорачуваме ароматерапи бањата која Ви ги регенерира сите Ваши сетила.
Лаки Хотел и Спа има 60 соби. Распределени на 4 спрата, од кој секој спрат и соба имаат свој посебен  дизајн и стил. Хотелот има 4 апартмани. Сите се опремени и дизајнирани според последни хотелски стандарди, со модерен и луксузен стил, креирани за Ваше максимално уживање.

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ПО ЛИЦЕ НА ДЕН, ВО ЕУР, ПЛАЌАЊЕ ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ 61,8МКД

 
Цена по лице на ден Пансион:
Тип на соби Bed & breakfast Half board Full board
Еднокреветна соба 45еур 55еур 65еур
Двокреветна соба по лице 35еур 45еур 55еур
Свит за 4 лица 150еур 160еур 170еур
Туристичката такса е вклучена во цените
Деца до 6.99год – бесплатно / Деца од 7-11.99год – 50% попуст
Специјална понуда:
за 4 ноќевања престој на база ноќевање со појадок=120еур по лице
за 7 ноќевања престој на база ноќевање со појадок = 196еур по лице
Еднокреветна соба + 30%