Хотел „BOARD“ 4* – Јахорина
ХОТЕЛ BOARD ЈАХОРИНА се наоѓа во централниот дел на Олимпискиот центар, на 100 метри од хотел Вучко и Термаг, како и од скијачката патека Пољице.
Модерен хотел, кој ја задржа топлината на планинскиот амбиент, нуди богата понуда за своите гости.
Хотелот располага со двокреветни, трокреветни соби, супериор соби и луксузен апартман. Секоја соба/апартман има сателитска ТВ, директен телефон, мини бар, бања. Лукс апартманот има и џакузи.
На гостите им е на располагање ресторан со локална и интернационална кујна, во чии специјалитети можете да уживате во пријатна атмосфера покрај каминот. До ресторанот има кафе бар, каде што можете да се одморите со пијалок и прекрасен поглед на шумските предели на Јахорина.
Гостите на хотелот можат да го користат и Board Wellness центарот, кој е вистинска оаза на мир и релаксација. Можете да користите базен, сауна, парна бања, како и теретана, која исто така е дел од велнес центарот.
Хотел Борд располага со игротека за своите најмлади гости со сите потребни содржини за добро дружење и забава.
Во склоп на хотелот има и Борд деловен центар со опремена и функционална сала за сите видови семинари и конференции, како и изнајмување ски и ски школа со лиценцирани инструктори за ски и сноуборд. Посетете го хотелот Борд на Јахорина и поминете квалитетен и исполнет одмор!
ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ПО ЛИЦЕ НА ДЕН НА БАЗА ПОЛУПАНСИОН
ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕУР, ПЛАЌАЊЕ ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ ОД 61,8МКД
Хотел Борд – Јахорина | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
Цена по лице на ден на база Полупансион | ||||||
Термини | Стандард соба | Супериор свит | Делукс свит | |||
Над 3 ноќи | 3 и помалку ноќи | Над 3 ноќи | 3 и помалку ноќи | Над 3 ноќи | 3 и помалку ноќи | |
01.12-18.12.2021 | 49 | 59 | 56 | 66 | 64 | 74 |
19.12-25.12.2021 | 55 | 65 | 62 | 72 | 70 | 80 |
26.12-03.01.2022 | 76 | 86 | 83 | 93 | 96 | 106 |
04.01-16.01.2022 | 69 | 79 | 76 | 86 | 84 | 94 |
17.01-30.01.2022 | 55 | 65 | 62 | 72 | 70 | 80 |
31.01-27.02.2022 | 63 | 73 | 70 | 80 | 78 | 88 |
28.02-03.04.2022 | 51 | 61 | 58 | 68 | 66 | 76 |
Во цената е вклучено:
Појадок и вечерa, употреба на велнес центар (базен, сауна и парна бања)
Во цената не е вклучено:
- Во цената не е вклучена туристичката такса по лице на ден од 1еур
- Во цената не е вклучено осигурувањето од 0,5еур по лице на ден
Услови и доплати:
- Секое лице на дополнително легло остварува попуст од 30% од вкупната цена на аранжманот
- Дете до 5,99год – бесплатно на дополнително легло
- Дете од 6-11,99год – 50% попуст за дополнително легло (во присуство на 2 возрасни лица во соба)
- Задолжителна доплата на Новогодишна вечера од 60еур за возрасно лице и 30еур за дете од 7-15год
- Послужување на шведска маса се поставува во случај кога има над 15гости во хотел
- Домашни миленичиња не се дозволени
- Пријавување во хотел од 15ч, одјава до 11ч
Политика на отказ:
За резервација е потребано 30% депозит, истиот не е повратен во случај на отказ на резервација до 14 дена пред пристигање, и тоа само во случај на смрт или болест, со писмен доказ за истото. Во случај на ковид позитивен, авансот останува за понатамошно искористување во истиот хотел.