ЧАЊ-ХОТЕЛ БАБОВИЌ

You are currently viewing ЧАЊ-ХОТЕЛ БАБОВИЌ

Чањ е атрактивно туристичко место кое се наоѓа помеѓу Петровац и Сутоморе. Има прекрасна плажа во должина од 1 км, наречена Златна обала, по бојата на песокот. Во непосредна близина на Чањ се наоѓа прочуената Краљичина плажа до која се доаѓа само со брод. Престојот во Чањ надополнет со излети во неговата непосредна околина нуди можност за одличен одмор.

 

Хотел Бабовиќ

На само 250 метри од плажата се наоѓа Хотел Бабовиќ кој располага со модерно опремени трокреветни соби (брачен кревет и еден единечен). Секоја соба има сопствен тоалет, фрижидер, тв, клима чие користење е вклучено во цената и тераса. Исхраната  е во ресторан во склоп на хотелот на база на полупансион и вклучува појадок (шведска маса) и вечера (избор од две јадења). Хотелот располага со сопствен бар на плажа Vela Beach Bar. Хотелот поседува и бесплатен паркинг за своите гости.

10% ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 15.05.2021

Хотел Бабовиќ – Чањ
Цена по лице за 9 полу пансиони со вклучен превоз
20.06-29.06.2021 9ПП 240
29.06-08.07.2021 9ПП 255
08.07-17.07.2021 9ПП 270
17.07-26.07.2021 9ПП 280
26.07-04.08.2021 9ПП 280
04.08-13.08.2021 9ПП 280
13.08-22.08.2021 9ПП 270
22.08-31.08.2021 9ПП 255
31.08-09.09.2021 9ПП 220

 

* Цените се изразени во евра и се однесуваат  на  ПАКЕТ АРАНЖМАН ПО ЛИЦЕ (9 полу пансиони со вклучен превоз).

– Прво дете   до 12 год. ПОПУСТ 50 % од цената на аранжманот.

– Второ  дете до 12 год. – ГРАТИС (доплата за превоз 40 евра/не користи кревет).

Попустот за деца важи за сместување со две возрасни лица (во трокреветна соба)

– Дете до  5 год. кое не користи кревет – ГРАТИС (доплата за превоз 20 евра ).

* Намалување за патување со сопствен превоз – 10 евра.

* Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на самото место (1.5 евра за возрасен, деца од 2-12год е 0,5 евра , од 12-18год е 1 евра)

* Користењето на климата е вклучено во цена

 

Поаѓање за Црна Гора:
Скопје (Дрво Декор) – 05.00 часот

*Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15минути пред поаѓањето.Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

НАПОМЕНА

–         попустот за рана уплата важи само за плаќање во готово и за целосна уплата.

–         доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата.

–         За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.

–         Се патува согласно моменталните протоколи за превоз.

–         За време на патувањето во автобус задолжително е носење на маска со која се покрива устата и носот. Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група, и да ги почитуваат правилата и препораките.

–         ТА Скаут и МИГ Травел не сноси никаква одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во објектите.

–         Доплата за туристичка такса и осигурување во хотел 1.5евра дневно по лице ( деца од 2-12год плаќаат 0,5евра, а од 12-18год 1 евро дневно)

Во склоп на објектот има WI-FI интернет (за брзината и јачината на сигналот, Агенцијата не може да Ви гарантира со сигурност).

GPS:42.164851, 18.997619