Грац и Загреб – Божиќен базар

You are currently viewing Грац и Загреб – Божиќен базар
Грац и Загреб – Божиќен базар – Програма на Тура
 
Ден1

8 декември

Средба на групата во попладневните часови и тргнување кон Грац, Австрија. Ноќно патување преку Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи и гранични формалности

Ден2

9 декември

Пристигнување во Грац во претпладневине часови. Предвидено време за разглед на најпознатите знаменитости во градот. Стариот Град изобилува со добро сочувани историски споменици. Ќе прошетаме низ целото подрачје пешки за да не ги пропуштиме најбитните знаменитости:Hauptplatz, главниот плоштад, сместен на левата страна од реката, овде е споменикот на надвојводата Johann. Rathaus или градското собрание, Haus am Luegg што ќе не воодушеви со својата архитектура и украсената фасада, Фрањевачката црква во готски стил со свод и кула во западниот дел .. Грац има едно од најсочуваните историски центри во светот.Ќе прошетаме по Herrengasse улица полна со историја која ја красат убави вили, разновидни продавници и кафулиња.Овде вреди да се погледне и таканареченета Насликана куќа. Во центарот на градот се наоѓаат и Музејот на градот Грац, Музејот на Роберт Столз и Музеј MohrenApotheke’sTheriak, Grazer Dom,катедралата во Грац … Следува сместување во хотел и време е за одмор.Во попладневните часови е предвидена посета на Шлосберг, на висина од 473 метри. Може да се стигне со лифт или по пешачка патека. На врвот се наоѓа саат кула, висока 28 метри, најпозната знаменитеост во градот. Овде ќе ви се отвори прекрасната панорама на божиќно украсениот Грац. Враќање назад во центарот на градот и уживање во еден од најпознатите Божиќни марќети во Европа. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.

Ден3

10 декември

Појадок. По појадокот одјавување од собите и се упатуваме кон еден од познатите молови (MURPARK или Shopping Nord) Време предвидено за шопинг и кафе. Во договорено време се упатуваме кон Загреб. Сместување во хотел. По краток одмор се упатуваме на разглед на градот : Плоштад Бан Јелачич, Уметнички Павиљон, МИМАРА, Хрватски народен театар, Загребската катедрала, Владата, Камена порта, Хрватско народно собрание. Продолжуваме со индивидуални прошетки низ централниот дел , каде на повеќе места е организиран Божиќниот маркет, три години наградуван како најдобар маркет во Европа.Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.

Ден4

11 декември

Појадок. Одјавување од хотел и се упатуваме кон Designer Outlet Croatia. Отворен во јуни 2018 година, Designer Outlet Croatia нуди повеќе од 100 брендови за мода со попуст од 30-70%, во текот на целата година.Изграден е на површина од 15.500 квадратни метри во стилот на селската архитектура, инспирирана од типичниот хрватски дизајн на куќи од Загреб, Славонија, Истра и Далмација. Слободно време за шопинг, кафе пауза, храна… Во договорено време продолжуваме кон Македонија. Ноќно патување. Пристигнување во Скопје во претпладенвните часови на 12.12.2021.

135 еур  ЗА ПРВИТЕ 15 МЕСТА

Во цената е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на релацијата по програмата;
  • Сместување во двокреветни соби во хотел 3* во Грац (1 ноќевање) и Загреб (1 ноќевање), на база ноќевања со појадок;
  • Разглед на Грац и Загреб;
  • Посета на Designer Outlet Croatia
  • Туристички придружник од агенцијата;
  • Организација од туристичка агенција.

 

Во цената не е вклучено:

  • Лични трошоци
  • Трошоци за јавен трансфер (2 -5 евра од ден)
  • Патничко осигурување.

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 40 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.