Големо езеро Пелистер – еднодневни 4х4 екскурзии

Големо езеро Пелистер – еднодневни 4х4 екскурзии

Според легендата, Пелистерските очи (Големо и Мало езеро) настанале од солзите на две сестри, кои биле вљубени во истото момче – Пелистер.
Нивната мајка не дозволувала нити една од нив да се омажи за момчето и во бес ги испратила во планина, со клетва да бидат блиску една до друга, но да не можат да се видат. Од жал, ќерките пролеале толку многу солзи, што од нив се создале две прекрасни езера.

Сместени на надморска височина од 2.218 м (Големо) и 2.180 м (Мало), Пелистерските очи се одлична локација за љубителите на природата. Изнајмувањето на 4х4 теренско возило, е најдобрата варијанта за посета на овие живописни локации.

Преглед на патувањето

  • Вид на тура: Туристичко возење (Џип такси по порачка)
  • Тежина на турата: средна
  • Локација: Национален парк Пелистер
  • Време кога може да се оганизира турата: Мај – Ноември
  • Траење на турата: 8-10 часа
  • Надморски висини: Битола (Старт и крај) 615 m, Мало езеро 2.180 м, Големо езеро 2.218 м
  • Максимален број на лица по џип: Наш возач + 3 лица (за поголеми групи може да се организираат повеќе џипови)

Програма:

  • 08.00 ч – Поаѓање од претходно договорена локација во Битола
  • Туристичко возење низ селата низ Национален Парк Пелистер со кратки паузи на живописни локации.
  • Посета на Мало езеро (2.190 m)
  • Посета на Големо езеро со можност за разгледување на прекрасната природа и пејсажи, да вдишите чист воздух, да се напиете чиста изворска вода или планински чај во планинарскиот дом (работи само во викенд и со најава за поголеми групи).
  • Пристигнување во Битола во попладневните часови

Патувањето вклучува

  • Превоз до посакуваната локација со теренско возило
  • Организација и реализација на патувањето

Не е вклучено

  • патничко осигурување
  • други индивидуални трошоци