Даруварски Топлици и Божиќен Пазар

You are currently viewing Даруварски Топлици и Божиќен Пазар
Програма на патување: 
 
1 ден 07.12.2022 (среда)                                          Скопје – Дарувар
Состанок на групата пред ВИП хотел спроти поранешен скопски саем во 21.00 часот. Поаѓање за Хрватска во 21.30 часот. Ноќно возење преку Србија и Хрватска со попатни паузи поради одмор и царински формалности.     
 
2 ден 08.12.2022 (четврток)                                   Даруварски Топлици
Пристигнување во претпладневните часови во Дарувар и сместување во хотел. Кратко слободно време за одмор од патувањето. Во договорено време заминување на прошетка и разглед на градот Дарувар со локален водич: Јулијевиот парк, дворецот на грофот Јанковиќ… Враќање во хотел и слободно време за релаксација и СПА уживање, бесплатно користење на термалните базени во хотелот со температура до 36 °C. Вечера. Ноќевање. 
 
3 ден 09.12.2022 (петок)             Дарувар – Загреб – Christmas Market – Дарувар
Појадок. По појадокот факултативно Ве водиме на еден од најубавите Божиќни пазари во Европа во Загреб. Пристичнување во Загреб и организиран разглед на главниот град на Хрватска со локален водич: катедралата Градец – Горни град, плоштадот Бан Јелачиќ, Камената порта, Калчиева улица, Марковата црква… По разгледот слободно време за индивидуални прошетки и посета на Божиќниот пазар обоен во илјада бои.. Во договорено време враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
 
4 ден 10.12.202 (сабота)                                      Дарувар – Скопје 
Појадок. Напуштање на хотелот согласно хотелското правило. Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи или можност за факултативна посета на Пивовара Дарувар. Посета и разглед на пивоварата со дегустација на 5 различни видови на сирење и 5 видови на пиво на точење. Во договорено време во попладневните часови заминување на групата кон Македонија. Возење преку Хрватска и Србија со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.
 
Цена на аранжманот – 189€/11.718ден
Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден
Цена по лице за минимум 2 лица во соба
 
Во цената на аранжманот е вклучено:
• Πревоз со туристички автобус на наведената релација
• Сместување во хотелскиот комплекс Даруварски Топлици (Хотел Термал 3*и Хотел Аркадија 3*оддалечени еден од друг 200м) во Дарувар во двокреветни соби на база 2 ноќевања 
• Исхрана на база полупансион (појадок и вечера шведска маса)
• Бесплатно користење на базените (2 отворени, 1 затворен) во хотел Термал 3* со термална вода од 30 до 36°C
• Организирана прошетка и разглед на Дарувар со локален туристички водич
• Туристичка такса
• Организација, реализација и лиценциран туристички придружник на патувањето
 
Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Задолжително патничко осигурување 
• Целодневна факултативна посета и разглед на Загреб со локален водич – 20€ (доплата на лице место)
• Факултативна посета на Пивовара Дарувар 15€ (доплата на лице место) 
• Индивидуални трошоци.
 
Важни напомени: 
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 6 месеци пред истек.
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање.
– За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 30 патници, организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени да ја промени цената на факултативата или истата да ја откаже. 
– Плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност по курс 1еур=62мкд.
– За овој аранжман важат ОУ на патување од СКТМ и Ваикики Травел и Миг Травел