КОСТА БРАВА

КОСТА БРАВА

Земја со богата историја, традиција и култура. Земја на фламенкото и Тапас и Сангрија. Сончева, топла и возбудлива 24 часа. Ве водиме на Коста Брава – дива обала, со стрмни избраздени карпи и небесно сино море, скриени заливи, широки песочни плажи, со борова и храстова шума во позадина. Каталонската ривирена нуди прекрасен одмор, многу атрактивни излети и незаборавни ноќи: Барселона, Маѓични фонтани, Камп Ноу, Аквариум, Фиграс, Емпуриа брава, забавниот парк Порт Авентура, Мариналенд… а вечеите исполнети со фантастични шоу програми, фестивали, голем број на дискотеки, бодега, ноќни лудории…

Ние за Вас го одбравме најголемиот и најпознатиот центар на Коста Брава – Лорет Де Мар.

+++ Гламурот на Азурниот брег: Ница, Кан, Антиб, Монако, Монте Карло и шармот на северна Италија: Венеција и Верона.

 

КОСТА БРАВА ЦЕНОВНИК 2018

  1. ден СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА – КОСТА БРАВА

Состанок на групата на аеродромот во Скопје и предавање на багажот 120 минути пред времето на полетување. Лет за Барселона (според табелата). Пристигнување на аеродромот во Бареслона. Средба со претставниците на агенцијата и трансфер со автобус до хотелот во крајните дестинации (Lloret de Mar, Blanes, Malgrat de Mar, Santa Susanna …). Доколку има можност за утринско превземање на собите, сместувањето ќе биде по пристигнување во хотелот, доколку нема, багажот се остава на рецепција, а се користат услугите наведени во ваучерот. Собите се превземаат по 14:00 часот.

од 01. до 07/10. ден  КОСТА БРАВА

Денови за одмор со престој во хотели (со услуги по сопствен избор од каталогот) лоцирани во Lloret de Mar, Blanes, Malgrat de Mar, Santa Susanna … и др. Комуникација со локалните представници на агенцијата за евентуални факултативни анимации, излети и посети.

08./11.  ден КОСТА БРАВА – БАРСЕЛОНА – СКОПЈЕ

Напуштање на собите до 12:00 часот. Багажот се остава на рецепција и се користат услугите наведени во ваучерот. (За дневно користење на собите до времето за трансфер, доколку има можност, може да се доплати на рецепција.) Слободно време за индивидуални прошетки до заминување на аеродромот во Барселона во вечерните часови. Предавање на багажот на аеродромот, два часа пред полетување. Лет за Скопје, според табелата. Пристигнување во Скопје.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА

* 7/10 ноќевања на база наведената услуга.

* Авионска карта на релација Скопје – Барселона – Скопје со 1 парче чекиран багаж (до 23кг) и 1 парче кабински багаж (макс. Димензии 56х45х25) по лице

* Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром во Шпанија

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА

* Аеродромски и административни такси во износ од 60еур

* Патничко здравствено осигурување

* Туристичка такса – се плаќа директно на рецепција во хотел