ВИЛА CHRISTINA – ХАНИОТИ

You are currently viewing ВИЛА CHRISTINA – ХАНИОТИ

 

100 МЕТРИ ОД ПЛАЖА

 

Вила ХРИСТИНА лоцирана во мирен дел на Ханиоти,идеална за фамилии со мали деца каде спокојот несомнено ќе го најдат овде.Од плажа е одалечена на само 100 метри ,а од центарот плоштатчето на Ханиоти е на само 500 метри. Вилата располага со четворокреветни апартмани.Истата е изградена во два блока А блок и Б блок.Апартманите со кои располагаме  се наоѓаат и во двата блока на приземје и први спрат. Сите апартмани се опремени со кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима,а дел имаат поглед на море од балкон.

ЦЕНОВНИК

ЦЕНИТЕ ЗА ТЕРМИНИТЕ (14.05; 21.05; 28.05; 04.06; 03.09;10.09 и 17.09.)
ОЗНАЧЕНИ СО ЗВЕЗДИЧКА * ВО ТАБЕЛАТА СЕ  ПАКЕТ АРАНЖМАНИ И СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ

ОСТАНАТИТЕ  ЦЕНИ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАНИ  

КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ, WI-FI  Е БЕСПЛАТНО

  • За пакет аранжманот во апартман потребни се минимум 2 лица;
  • трето,четврто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз (доколку користат) 45€ за возрасен или 35€ за дете од 02 – 12 години;
  • дете до 02 години не плаќа(бесплатно);
  • за патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице

 

ЗА РАНО РЕЗЕРВИРАЊЕ(EB) СЕ УПЛАТУВА АВАНС 50% ОД ВРЕДНОСТА НА АРАНЖМАНОТ ДОДЕКА ТРАЕ АКЦИЈАТА.ОСТАТОКОТ ОД 50% 21 ДЕН ПРЕД ПОАЃАЊЕ.

ПОПУСТИТЕ ЗА РАНА УПЛАТА НЕ ВАЖАТ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАНИТЕ (ДАТИТЕ ОЗНАЧЕНИ СО ЅВЕЗДИЧКА (*))

 

ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:

45 € за возрасни – повратна карта;

35 € за возрасни или деца – карта во еден правец

35 € за деца до 12 години – повратна карта;

Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште

ОПИС НА СОБИТЕ

Студио B1 (приземје)
 
 

(1/4) – 4 лица
Студиото располага со една просторија раздвоена со зидана преграда.Во склопот на истата просторија е кујната.Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер,шпорет со фурна,аспиратор.Има еден дупол кревет комотен за спиење на две лица и два единечни кревети на спрат комотни за спиење на 2 лица, плакар за алишта, клима уред ,TVи излегува на тераса.На прозорите има комарници и на терасите има тенди. Од студиото се  излегува на тераса со маса и столици.Студиото располага со стандардно купатило и вц.

 
 
Студио B6 (прв кат)
 
 

(1/4) – 4 лица
Студиото располага со една просторија раздвоена со зидана преграда.Во склопот на истата просторија е кујната.Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер,шпорет со фурна и аспиратор.Има еден дупол кревет комотен за спиење на две лица и два единечни кревети на спрат комотни за спиење на 2 лица, плакар за алишта, клима уред ,TVи излегува на тераса.На прозорите има комарници и на терасите има тенди. Од студиото се  излегува на тераса со маса и столици.Студиото располага со стандардно купатило и вц.

 
 
Апартман бр.9(прв кат)
 

(1/2 +1/2) – 4 лица

Апартманот располага со две простории.Во првата просторија има еден дупол кревет комотен за спиење на две лица,плакар за алишта,тв,клима уред и излегува на тераса.Во втората просторија е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар ,голем фрижидер ,шпорет со фурна и аспиратор.Во кујната има два кревети од кои едниот е стандарден , а другиот е на извлекување од под стандардниот кревет. Од апартманот се  излегува на тераса со маса и столици и има поглед према море .Апартманот располага со стандардно купатило и вц.