ЦЕНТРАЛ ХОТЕЛ- ВИНИЦА

ЦЕНТРАЛ ХОТЕЛ- ВИНИЦА

Хотел Централ е лоциран во строгиот центар на градот Виница во тивка околина, топло уреден и декориран со цел да го понуди најдоброто од удобноста и комфорот и да ги исполни очекувањата за современ и прекрасен хотел. Хотелот располага со 22 луксузно опремени соби наменети за туристи, бизнис и семејни посетители во Источна Македонија. Секоја од гостинските соби и апартмани е стилски уредена со елегантен мебел и функционална бања, фен за коса, мини бар, сеф, ТВ, телефон, бесплатен безжичен интернет и избор на кафе и чај.

Хотел Централ претставува уште една инвестиција во економскиот и урбаниот развој на Виница кој овозможува хотелско сместување што одговара на потребите на гостите, чии приоритет е да добијат угостителски третман во домашен амбиент. Покрај новоотворениот Хотел Централ, со години збирно место на Виничани е современиот ресторан Александар Парк Виница, место каде што можат да се вкусат голем број на специјалитети од македонската и интернационална кујна, а просторот е погоден за прослави и свечености. Во склоп на хотелот може да се користат и спа услуги, сауна, парна бања или хидро-тераписки масажи.

13 соби од категорија Queen bed (соби со брачен кревет), чија цена за ноќевање со појадок за две лица изнесува 2790ден.

4 соби од категорија Twin bed (двокреветни соби со два одвоени кревети). Цена за ноќевање со појадок за две лица изнесува 2520ден

4 соби од категорија Junior suit (двокреветна соба со три одвоени кревети). Цена за ноќевање со појадок на две лица е 3060ден, а за три лица изнесува 3600ден.

1 Апартман (со брачен кревет и дополнителен единичен кревет). Цена за ноќевање со појадок за две лица е 3780ден, а за три лица изнесува 4320ден.

 

– Деца до 11,99год.престојуваат бесплатно
*** ПОЈАДОКОТ Е ВКЛУЧЕН ВО ЦЕНАТА КАКО И КОРИСТЕЊЕ НА СПА ЦЕНТАРОТ

Политика на отказ:

– без надомест најмалку 48 часа пред денот на пристугнување. Во спротивно се плаќа 50% од износот