КАПРИ-НЕАПОЛ-АМАЛФИ-ПОЗИТАНО

You are currently viewing КАПРИ-НЕАПОЛ-АМАЛФИ-ПОЗИТАНО

BARI – ALBEROBELLO – NAPOLI – SORRENTO – AMALFI – POSITANO –
POMPEI

1.ДЕН (07.10.2021 – четврток) : БИТОЛА – ДРАЧ Состанок на групата на градската автобуска станица во 14.00 часот. Поаѓање за Драч во 14.30 часот. Патот води преку Струга, Елбасан…денско и ноќно патување со кратки попатни одмори. Пристигнување во Драч – сместување на траект. Планирано поаѓање за Бари околу 23.00 часот.
2.ДЕН (08.10.2021 – петок) : БАРИ – АЛБЕРОБЕЛО – НЕАПОЛ – СОРЕНТО Пристигнување во Бари во утринските часови. Продолжување на патот за Неапол, со попатна посета на единственото во светот етно-село од ваков вид – Alberobello, заштитено од УНЕСКО, познато по куќите од варовник, градени без употреба на малтер, со кровови со конусен облик, т.н. ТРУЛИ…овој вид на градба е уште од предисториско време, па затоа местото е и заштитено…Пристигнување во Неапол во пладневните часови…панорамски разглед на градот, со обиколка на Градскиот плоштад, Општинската зграда, замокот Castello Nuovo, Театарот San Carlo, палатата Reale, црквата San Francesko, како и најстарата пицерија во Неапол и воопшто во Италија – Da Mateo…сместување во хотел.
Ноќевање.
3.ДЕН (09.10.2021 – сабота) : НЕАПОЛ – КАПРИ – СОРЕНТО Појадок. По појадокот – факултативен целодневен излет за островот Капри, единствен и уникатен пример на спој на природни убавини, стара архитектура и гламур…поаѓаме со хидроглисер од Соренто или Неапол и на Капри се пристигнува на Marina Grande…оттаму, со организиран превоз стигнуваме до гратчето Ана Капри – лутиот соперник на градот Капри во средниот век. Прошетка низ Ана Капри со локален водич. Слободно време за индивидуален разглед на местото. Слегуваме (со организиран превоз) до истоимениот главен град на островот…посета на Градините на Царот Августин, Via Crupp, Marina Picola, локалитетот Faraglione (3-те стени, симболот на островот), Piazza Umberto со надалеку познатата камбанарија од 17.век и сатот обложен со мајолика…можност за прошетка низ старите улици, продавници со локална роба, сувенирници, како и бутиците со фирмирана роба од највисок квалитет…состанок на групата на претходно договореното место во 17.00 часот. Поаѓање за Соренто. Слободно време за индивидуален разглед на градот…плоштадот Tasso, црквата San Antonio, villa Comunale, улицата Via Corso Italia…Состанок на групата на претходно договореното место во 20.30 часот. Враќање за Неапол. Ноќевање.
4.ДЕН (10.10.2021 – недела) : НЕАПОЛ – АМАЛФИ – ПОЗИТАНО Појадок. По појадокот слободно време за
индивидуален разглед на градот или факултативен целодневен излет за Амалфи и Позитано – „бисерите“ на
туристичката понуда на Италија, 2-та града се секоја година во првите 10 најбарани дестинации во Италија, како за викенд, така и за летен одмор од страна на туристите…се наоѓаат на Сорентинскиот полуостров, а Амалфи беше првиот град кој воспостави силна поморска врска со Византија и Блискиот Исток. Над гратчето стрмо се издигнува планината Lataro, која го затвора местото од копно и така оневозможува ширење на местото…од друга страна, поради оваа причина, од гратчето има прекрасни поглед кон морето. Патувањето продолжува кон Позитано – едно од најмонденските места во Италија…се наоѓа веднаш до Амалфи. Заљубени во неговите тесни кривулести улици, куќи кои датираат од средниот век, многу познати личности од светскиот џет-сет купиле имоти во ова мало место…прошетка и разглед на овие 2 прекрасни места кои ќе Ве остават без здив со локален водич…враќање во Неапол во касните попладневни часови. Ноќевање.
5.ДЕН (11.10.2021 – понеделник) : НЕАПОЛ – ПОМПЕА – БАРИ Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и заминување за Помпеа…факултативна посета на најпосетуваниот археолошки локалитет во Италија, град кој трагично престана да егзистира како последица од вулканската ерупција на вулканот Везув…поаѓање за Бари во попладневните часови. Пристигнување во Бари околу 18.00 часот…можност за посета на базиликата Св.Никола, со поклонение на неговите мошти…трансфер на брод. Вечерна пловидба кон Драч.
6.ДЕН (12.10.2021 – вторник) : ДРАЧ – БИТОЛА Пристигнување во Драч во утринските часови. Поаѓање за
Битола…пристигнување во Битола во касните попладневни часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 14.200,00 ден. (229 €) – за УПЛАТА до 15.09.2021!!!
15.230,00 ден. (245 €) – редовна цена

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 20 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : Автобуски превоз на горенаведената релација, разглед на Неапол со стручен водич; 3 НП во Соренто или Неапол (околина) во хотел со 3*; бродски превоз (дек-седишта) на релација Драч – Бари – Драч (доплата за 1/4 кабина – 20 € по лице во правец, доплата за 1/2 кабина – 30 € по лице во правец, пријава со самата резервација во агенцијата); посета на Бари; организација, водство и реализација нa аранжманот;
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : Факултативните излети и посети; влезниците при посета на културноисториските споменици; патничкото осигурување. ЦЕНИ за ФАКУЛТАТИВАТА : факултативната посета на Капри – 60 € по лице (повратна бродска карта + локален водич + трансфер; пријава и уплата со резервацијата – во агенција); полудневниот факултативен излет за Амалфи и Позитано – 40 € по лице (трансфер + превоз со минибус + локален водич); посета на Помпеа – 15 € по лице (трансфер+влезница); За сите факултативни излети, минималниот број за остварување на истите е 30 патници;
ПОТРЕБНИ COVID – документи за ВЛЕЗ во Р.ИТАЛИЈА :
– Негативен PCR тест, не постар од 72 часа од денот на влегување во Италија
– Негативен RAPID антигенски тест, не постар од 48 часа од денот на влегување во Италија
– GREEN PASS (вакцинален пасош, за примени 2 дози на вакцина и тоа од следните производители :
Pfiser-BioNtec; Moderna, AstraZeneca или Johnson & Johnson)
НАПОМЕНА : Организаторот на патувањето го задржува правото да во случај на измена на цената на превозот, измена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, ја промени цената на патувањето. Во рамките на разгледувањето на градовите или локалитетите наведени во програмата, не се предвидени посети ниту обиколка на ентериери, јавни градби, институции и споменици на културата, освен кога тоа e посебно назначено. За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 3 месеци од датата на завршувањето на аранжманот. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи.
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за
известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Со оваа програма важат Општите услови на т.а. МИГ ТРАВЕЛ и СКТМ.