БУДВА -ОСТРОГ-ПОДГОРИЦА

You are currently viewing БУДВА -ОСТРОГ-ПОДГОРИЦА

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 49 евра / 3038 ден
Програма

Ден 1 – 21.10.2021 (четврток)
Состанок на групата на Дрводекор во 22:30 часот, поаѓање во 23часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат до Острог со попатни паузи за одмор и царински формалности.

Ден 2 – 22.10.2021 (петок)
Посета на Острошкиот Манастир, едно од најпосетуваните светилишта на Балканот. Манастир кој е врежан во карпите, основан од митрополитот Василије Острошки во XVII век. По посетата на Острошки Манастир, се уплатуваме кон шопинг центарот Delta City во Подгорица. Во договореното време поаѓаме кон Будва. Сместување во вила во центарот на Будва. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

Ден 3 – 23.10.2021 (сабота)
Третиот ден е предвиден за факултативтна посета на градот Котор, Херцег Нови и Тиват. Најпрво се упатуваме кон Котор. Пристигнување и слободно време за индивидуален разглед на градот каде може да се видат Саат Кулата, Катедралата Св. Трифун, Православната Црква Св.Никола. По посетата на Котор се упатуваме кон Херцег Нови. Херцег Нови е градна брегот на Јадранско Море и во подножјето на планината Орјен. Херцег Нови е центар на Општина Херцег Нови и е најголем град со српско население на брегот на Јадранско Море. Градот бил познат и под името Castelnuovo. Поради важното стратегиско значење, во градот биле подигнати неколку тврдини. Прва во низата одбранбени линии била Цитаделата (позната и како Macel) чии остатоци денес лежат во непосредна близина на тврдината Forte Mare. Слободно индивидуално време за прошетка низ градот. Во договорено време се упатуваме кон Тиват. Слободно време за индивидуален разглед на градот. Во Тиват се качуваме на брод – траект и го продолжуваме патувањето кон Будва. Враќање во Будва. Ноќевање.

Ден 4 – 24.10.2021 (недела)
Одјавување од вилата. Поаѓање кон Бар. Бар е крајбрежен град на Јадранското Море во Црна Гора со население од 40.000 жители (според пописот во 2011 година). Градот претставува административно седиште на истоимената општина и главно пристаниште во Црна Гора. Бар се наоѓа спроти Бари во Јадранот,па оттаму и името “Антивари”. Името Бар, пак, е скратената верзија. Тука се наоѓаат најстарите пишани документи и најзначајните дела од средновековната црногорска литература и историја. Градов бил седиштето на најстарата верска установа во Црна Гора, Барската архиепископија. Се смета дека Старата маслинка во Мировица е стара над 2 000 години, што ја вбројува меѓу најстарите маслинови дрва во Европа. Бар привлекува голем број туристи. Со во просек 270 сончеви денови годишно, Бар е еден од најсончевите градови на Медитеранот.Слободно индивидуално време за прошетка низ Бар. Во договореното време поаѓање кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
Во цената на аранжманот е вклучено:

– 2 ноќевања во вила во центарот на Будва

– Превоз со високотуристички автобус

– Посета на манастирот Св.Василије Острошки

– Посета на трговскиот центар DELTA CITY

– Посета на Бар

– Лиценциран пратител во текот на целото патување

– Организација и реализацијa на аранжманот

 

Во цената не е вклучено:

– Факултативен излет до Котор-Херцег Нови и Тиват – 15 евра

– Туристичка такса 1 евро за посета на Манастирот Острог

– Комбињата за превоз до манастирот се плаќаат дополнително на лице место

– Можност за организиран трансфер од Битола, Прилеп, Црна Река и Велес со доплата 10 евра по лице

 

НАПОМЕНИ:

– Се патува со лична карта или пасош

– За ова патување потребно е да имате сертификат за вакцинација, негативен PCR тест не постар од 72 часа или негативен антигент тест не постар од 48 часа

– За реализација на факултативата потребно е да бидат пријавени минимум 20 патници

– Доколку сме спречени да ја реализираме турата поради ситуацијата со која се соочуваме, уплатените средства ќе бидат рефундирани

– За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.

– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.