ПРОГРАМА
20,10,2023 – Состанок на групата во договорено време. Ноќно и денско патување со паузи и царински формалности.
21,10,2023 – Пристигнување во Црна Гора во раните утрински часови. Прво застануваме во градот Бар, она што ќе го посетиме е храмот посветен на Јован Владимир кој како симбол на градот го отсликува православието. По посетата продолжуваме према Будвва со попатно застанување и панорамски разглед на Св.Стефан. Oва место е еден од најлуксузните летувалишта на целиот Јадран познат како „град-хотел“. Според пописот од 2003 на островот живеат 411 жители. Автобусот ќе застане за патниците да направат фотографии околу 10 минути По посетата на манастирог групата продолжува за Будва. Сместување во Будва. Слободно време за индивидуални активности. Во договор со водичот, се посетува стариот град во Будва. Ноќевање.
22,10,2023 –ПЛАНИРАН факултативен разглед на ДУБРОВНИК. Поаѓање за Дубровник во 09:00 часот, каде имаме слободно време за прошетки низ стариот град, тврдините, улицата Страдун, црквата Св.Влах и други културни знаменитости. Дубровник е една од најпознатите туристички дестинации во Средоземно Море, пристаниште и седиште на Дубровничко-неретванската жупанија. Во пладневните часови поаѓање према КОТОР групата ќе има слободно околу 2 часа за кафе или ручек во градот. Oна што треба да го посетите е стариот град. Старите градби, тесните улички и богатата историја е тоа што ќе направи да се заљубите во Котор. Во договорено време враќање за Будва. Ноќевање.
23,10,2023 –Во 09:15 часот состанок со групата пред вила, 09:30 часот поаѓање кон Острошки Манастир. Манастирот Острог е манастир на Српската православна црква сместен со речиси вертикална позадина, издигнат во големата карпа на Острошка Греда. Тој е посветен на Свети Василиј од Острог ( Свети Василије Острошки ), кој бил погребан овде. Она што е интересно дека е изграден во карпа и е несекојдневно за манастир. По пристигнувањето по желба искачување до Манастирот пешки или трансфер со локален минибус и поклонување на моштите на Св.Василиј. Во договорено време поаѓање према Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
Цена – 89 EUR
ПРОМО ЦЕНА ДО 30,09,2023 – 79 ЕУ
Во цената е вклучено
- Сместување во Будва, 2 ноќевања во апартмани
- Превоз на дадената релација од Битола, Ресен, Охрид, Струга (трансфер од ДРУГИ градови + 10 еу)
- Посета на Острошки Манастир и Бар
- Tуристички придружник за време на целото патување
Во цената не е вклучено
- Турустичка такса на Острог 1 еврo (Се плаќа во автобус) – ЗАДОЛЖИТЕЛНО
- ДУБРОВНИК И КОТОР – 35 еу
- Превоз со комбиња до и од манастирот – 2 еу се плаќаат на лице место доколку се качувате со комбе
- Туристичка такса 1,5 евра по ден за ноќевање од лице (Се плаќа во автобус) – ЗАДОЛЖИТЕЛНО
Важно
- За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 30 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата поради ситуации кои однапред не е возможно да се предвидат со оглед на ситуацијата со Ковид мерките.
- Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
- Патниците кои планираат посета на факултатива во ДУБРОВНИК задолжително е да поседуваат пасош валиден најмалце 6 месеци пред истек.
- Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
- Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС: Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).