БУДВА НОВА ГОДИНА

You are currently viewing БУДВА НОВА ГОДИНА

НОВА ГОДИНА ВО БУДВА СО ДИНО МЕРЛИН И ЏИБОНИ

СВ.СТЕФАН-БУДВА-КОТОР-ДУБРОВНИК

1.Ден 30.12.2022  – Состанок со групата во 23:30 од спортска сала Битола па поаѓање за Будва. Патот води преку граничен премин Ќафасан. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2.Ден 31.12.2022  – Пристигнување во Св.Стефан во утринските часови. Oва место е еден од најлуксузните летувалишта на целиот Јадран познат како „град-хотел“. Според пописот од 2003 на островот живеат 411 жители. Автобусот ќе застане за патниците да направат фотографии околу 10 минути и се продолжува према Будва. Пристигнување во Будва во утринските часови сместување во апартмани. Слободно време за индивидуални прошетки и активности низ Будва како и низ Стариот дел од градот.  Вечерта слободно време за забава на плоштад со Џибони и бројна организирана музичка програма, а секако постои и можност да продолжите во некој од ноќните клубови, ресторани итн.  Ноќевање.

3.Ден 01.01.2023  – Факултативен целодневен излет до Дубровник со вклучен траект на заливот Бока Которска. Пристигнување во Дубровник во предпладневните часови, прошетки низ Стариот град Дубровник, Страдун, Тврдината итн. Во попладневните часови враќање за Будва. Вечерта забавата продолжува на плоштат со ДИНО МЕРЛИН. Ноќевање.

4.Ден  02.01.2023  – Одјавување од апартманите. Поаѓање за Котор, разглед на еден од најубавите градови на Црногорското приморје, прошетки во стариот дел од градот. Откако ќе направиме убава обиколка и ќе се прошетаме во Котор, во договореното време групата се упатува кон пристанишниот град кој многумина го споредуват со Монако, градот Тиват и Порто Монтенегро место каде што ужива и одмара светскио џет-сет. Во договорено време состанок со групата и поаѓање кон Македонија. Денско и ноќно возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во вечерните  часови.

НАПОМЕНА!! Патниците кои нема да доаѓаат на факултативната посета во КОТОР, остануваат во БУДВА и ќе бидат информирани од водичите за време и место на поаѓање од БУДВА.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ :  89 ey редовна цена

промо цена до 30,11 – 79 еу

 

Во цената е вклучено :

  • Превоз на наведената релација со туристички автобус
  • 2 ноќевања во апартмани во Будва
  • Организација и водство на патувањето
  • Пратител на групата за време на целото патување

 

Во цената не е вклучено:

  • ДУБРОВНИК – 20 еу,
  • КОТОР, ТИВАТ, ПОРТО МОНТЕНЕГРО – 15 ЕУ
  • Патничко осигурување
  • туристичка такса 1 еу по ден по лице ( се плаќа во автобус)
  • патничко осигурување – информации во агенција

 

НАПОМЕНА!!! Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на поедини содржини од програмата. За факултативните излети се потребни 25 патници.

 

Важно

  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта (За влез во Црна Гора) или пасош со важност најмалце три месеци пред истек ( за патници кои доаѓаат на факултатива во Хрватска)
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.