УЛ.ПЕЦЕ МАТИЧЕВСКИ БР.15, 7000 БИТОЛА  + 389 47 512 512  + 389 76 296 296       info@migtravel.mk

БУДИМПЕШТА-ВИЕНА-СЕНТ АНДРЕА

You are currently viewing БУДИМПЕШТА-ВИЕНА-СЕНТ АНДРЕА

Програма

1 ден СРЕДА (08.03.2023) – СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА
    Состанок со групата на Дрводекор во 17.30 часот, поаѓање во 18:00 часот. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден ЧЕТВРТОК (09.03.2023) – БУДИМПЕШТА
    Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Потоа следува факултативен панорамски разглед на градот со професионален туристички водич (10 евра по лице): плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Сместување во хотел, време за одмор. Вечерта се упатуваме на крстарење со брод на Дунав (20 евра). Прошетка и во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден ПЕТОК (10.03.2023) – БУДИМПЕШТА–ВИЕНА
    Појадок. После појадокот, факултативна посета на Виена (30 евра). Панорамски разглед на Виена – булеварот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург, дворецот Шенбрун кој се наоѓа западно од Внатрешниот град (Innenstadt – името на првата виенска област), во областа Хитцинг. Се до 1642 година, го носел името Катербург и бил во сопственост на виенскиот градоначалник, додека пак после овој период во него се сместила царицата Елеонора, која тука се населила после смртта на нејзиниот сопруг. Денешното име, дворецот се поврзува со царот Матијаш, кој за време на својот лов, на ова место забележал голем број на извори. Влезницата во дворецот не е вклучена во цената. По разгледот, следува слободно време за индивидуални прошетки.лот Франц Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ центарот на Виена. Во попладневните часови враќање кон Будимпешта. Ноќевање.
4 ден САБОТА (11.03.2023) – БУДИМПЕШТА-СЕНТ АНДРЕА-СКОПЈЕ
    • Појадок. Напуштање на хотелот, организиран превоз до улица Ваци (најпознатата и најубавата улица во Будимпешта) каде има можност за индивидуални прошетки.
    Во 13:00 часот посета на Сент Андреа (задолжителна факултативна посета – 10 евра по лице). Сент Андреа е место познато по десетиците музеи, големиот број кафулиња, како и магичната атмосфера на уличките помеѓу куќите изведени во различни стилови, преполни со продавнички за ракотворби и сувенири. Поаѓање за Скопје со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 12.03.2023 (недела)

ПРОМО ЦЕНА: 119 ЕВРА / 7378 ДЕН. ДО 10.02.2023

РЕДОВНА ЦЕНА: 139 ЕВРА / 8618 ДЕН.

Во цената е вклучено:
– Автобуски превоз на наведената релација
– 2 ноќевања со појадок во Хотел 3* во околина на Будимпешта
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:
– Разглед на Будимпешта со локален водич -10 евра
– Посета на Виена – 30 евра
– Крстарење со брод по реката Дунав – 20 евра
– Посета на Сент Андреа – 10 евра (ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА)
– Влезница во дворецот Шенбурн
– Трансфер од: Битола, Прилеп, Кавадарци (црна река), Штип со доплата од 15€, Велес – доплата од 10€ по лице во два правци
– Патничко осигурување 
СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ – со сите вклучени факултативи (разглед на Будимпешта,посета на Виена, посета на Сент Андреа и крстарење со брод) – 60 евра по лице

НАПОМЕНА:

– За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– За овој аранжман важат општите услови на патување на Идеал Травел и Т.А. МИГ ТРАВЕЛ

%d bloggers like this: