Будимпешта – Kралица на Дунав, преполна со култура која освојува и заведува, преполна со романтични мостови и широки булевари, улички со калдрма, живописни куќи… Со спојувањето на трите града- Будим, Обуда и Пешта во 1873 год. настанала единствената Будимпешта, денес град со околу 2 милиони жители, административен, културен, научен, трговски и сообраќаен центар на Унгарија. Будимскиот дворец, авенијата Андраши со плоштадот на хероите и Милениумската подземна железница се прогласени за светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Ако сте љубители на уметноста, архитектурата и историјата Будимпешта е вистинскиот избор за Вас.
Програма
1 ден петок (20.10.2023) – СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА
- Состанок со групата на Дрводекор во 17.30 часот, поаѓање во 18:00 часот. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден сабота (21.10.2023) – БУДИМПЕШТА
- Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Потоа следува факултативен панорамски разглед на градот со професионален туристички водич : плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Сместување во хотел, време за одмор. Вечерта се упатуваме на крстарење со брод на Дунав. Прошетка и во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден недела (22.10.2023) – БУДИМПЕШТА–ВИЕНА
- Појадок. После појадокот, факултативна посета на Виена. Панорамски разглед на Виена – булеварот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург, дворецот Шенбрун кој се наоѓа западно од Внатрешниот град (Innenstadt – името на првата виенска област), во областа Хитцинг. Се до 1642 година, го носел името Катербург и бил во сопственост на виенскиот градоначалник, додека пак после овој период во него се сместила царицата Елеонора, која тука се населила после смртта на нејзиниот сопруг. Денешното име, дворецот се поврзува со царот Матијаш, кој за време на својот лов, на ова место забележал голем број на извори. Влезницата во дворецот не е вклучена во цената. По разгледот, следува слободно време за индивидуални прошетка низ центарот на Виена. Во попладневните часови враќање кон Будимпешта. Ноќевање.
4 ден понеделник (23.10.2023) – БУДИМПЕШТА-СЕНТ АНДРЕА-СКОПЈЕ
-
- Појадок. Напуштање на хотелот, организиран превоз до улица Ваци (најпознатата и најубавата улица во Будимпешта) каде има можност за индивидуални прошетки. Во 13:00 часот посета на Сент Андреа (задолжителна факултативна посета – 15 евра по лице). Сент Андреа е место познато по десетиците музеи, големиот број кафулиња, како и магичната атмосфера на уличките помеѓу куќите изведени во различни стилови, преполни со продавнички за ракотворби и сувенири. Поаѓање за Скопје со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 24.10.2023 (вторник)
ПРОМО ЦЕНА: 129 ЕВРА / 7998 ДЕН. СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ ОД 80 ЕВРА!
РЕДОВНА ЦЕНА: 149 ЕВРА / 9238 ДЕН.
ПОАЃАЊЕ САМО ОД СКОПЈЕ И КУМАНОВО!
Во цената е вклучено:
– Автобуски превоз на наведената релација
– 2 ноќевања со појадок во Hotel 3* во Будимпешта
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената не е вклучено:
– Разглед на Будимпешта со локален водич – 10 евра
– Посета на Виена (влезница во дворецот Шенбурн не е вклучена) – 40 евра
– Крстарење со брод по реката Дунав – 25 евра
– Посета на Сент Андреа – 15 евра (ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА)
– Задолжителна доплата за туристичка такса 2.5 евра по лице по ноќевање
– Патничко осигурување – 5 евра
НАПОМЕНА:
– За сингл соба се доплаќа 70% од сумата на аранжманот
– За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– За овој аранжман важат општите услови на патување на Идеал Травел и ТА МИГ ТРАВЕЛ