Будимпешта Нова Година

You are currently viewing Будимпешта Нова Година
30/12/2022  02/01/2023    
 
Ден1

СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА

Состанок со групата во Скопјe во попладневните часови. Ноќно возење преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

Ден2

БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Следува разглед на градот (факултативно) со локален водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Сместување во хотел. Слободно време. Вечерта Дочек на Новата 2022 Година на некој од плоштадите во Будимпешта.Враќање во хотел. Ноќевање.

Ден3

БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА

Појадокот. Факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Попатна посета на базиликата Естергом посветена на Пресвета Богородица и на Светиот Адалберт. Враќање во Будимпешта. Вечерта факултативно крстарење и вечера во национален ресторан Чарда. Ноќевање.

Ден4

БУДИМПЕШТА – СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел. Посета на шопинг центар Арена. Слободно време за индивидуални активности. По договор со преставникот, поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Србија, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

Ден5

СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

Дополнителни информации

Будимпешта– град со прекрасна местоположба за сонување кој ја покажува темпераментната визија на Истокот и на Западот, како и нивната магична халуцинација на убавината.

Главен град на Унгарија истовремено и главен индустриски, трговски и транспортен центар. Познат како Бисерот на Дунав кој нуди широк избор на туристички атракции. Градот окупатор на двата брега на реката Дунав, од десна страна брегот Буда, а од лева страна Обуда со Пешта. Име составено од три градови Обуда, Буда и Пешта кои формирале еден град, односно Будимпешта. Познат по своите бројни топли природни и вештачки извори кои датираат уште од 1934 година, му ја подарија титулата на “Градот на Бањите“.

Космополитско место на неочекувани, елегантни и фасцинантни предизвици. Иако денес Будимпешта е целосно во духот на Европа во неа се апсорбирани брановите на миграциите на етничките групи. Најпрво се доселиле Унгарците кои навлегле пред околу илјада години. Следни биле Турците, Германците, Словените, Евреите и Ромите, кои создале своја бујна култура која врие и денес.

Градот со душа си има своја пишана историја и еклектичен склоп на раскошна архитектура која се движи од барокот, до нео класичноста и високата уметност, a благодарение на тој раскош голем дел од центарот е прогласен како светско културно наследство.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ до 30.10.2022 – 169 € (10.478 ден.)

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 199 € (12.338 ден.)

 

Во цената на аранжманот e вклучено :

– Превоз со туристички автобус на дадените дестинации,

– Сместување во хотел 3* во Будимпешта (околина) на база 2 ноќевања со појадок,

– Посета на шопинг центар Арена

– Туристички придружник од агенцијата,

– Организација и реализација на аранжманот

 

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено :

  • Разглед на Будимпешта со локален водич  (10€)
  • Крстарење по Дунав со чаша шампањ ( 20 еур)
  • Посета на Сент Андреа и Естергон (25 еур)
  • Вечера во национален ресторан  (30€)
  • Задолжително патничко осигурување 
  • Влезници за музеи и културно-историски знаменитости

 

 

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Организатор на аранжманот е ТА АтлантиС
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

 

 

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС и Т.А Миг Травел