БУДИМПЕШТА И ВИЕНА-CHRISTMASS MARKET

You are currently viewing БУДИМПЕШТА И ВИЕНА-CHRISTMASS MARKET

_________________________________________________________
W I E N    B U D A P E S T   CHRISTMASS MARKET

1 ДЕН (02.12.2021 – четврток) : БИТОЛА

Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 15.00 часот. Поаѓање за Унгарија во 15.30 часот. Патот води преку Скопје, Ниш, Белград, Нови Сад…денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.
2 ДЕН (03.12.2022 – петок) : БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови…разглед на
градот со стручен водич…Кралската Палата, Рибарските бастиони, црквата Св.Матејаш, Цитаделата,
мостовите на Дунав, базиликата Св.Стефан, Парламентот, Операта, Плоштадот на Хероите…сместување во
хотел. Во вечерните часови – заминување на „Ваци“ улицата и посета на Божиќниот базар кој се наоѓа на
Ворошмарти плоштадот…можност за шопинг, уживање во домашно греано вино, домашни специјалитети,
или посета на најстарата слаткарница во Централна Европа – GERBEAUD, која се наоѓа на самиот плоштад…
Вечерта (факултативно) – крстарење со брод по Дунав…Ноќевање.
3 ДЕН (04.12.2021 – сабота) : БУДИМПЕШТА – ВИЕНА

Појадок. По појадокот – слободно време за
индивидуален разглед на градот или факултативна посета на Виена…панорамски разглед на градот –
Парламентот, Рингштрасе, Операта, Универзитетот, Катедралата на Св.Стефан, палатата Белведере,
Хундертвасер, плоштадот на Марија Терезија Хофбург…посета на велелепниот замок Шенбрун, каде и се
наоѓа Божикниот базар во Виена…слободно време. Враќање во Будимпешта во вечерните часови. Ноќевање.
4 ДЕН (05.12.2021 – недела) : БУДИМПЕШТА

Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот – слободно
време или посета на најголемиот трговски центар во Будимпешта – АРЕНА ПЛАЗА. Состанок на групата на
претходно закажаното место. Планирано поаѓање за Македонија околу 14.00 часот. Денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.
5 ДЕН (06.12.2021 – понеделник) : БИТОЛА

Пристигнување во Битола во раните утрински часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 7.380,00 денари (119 €) – за УПЛАТА до 13.11.2021!!!
8.620,00 денари (139 €) – РЕДОВНА ЦЕНА

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : Автобуски ЛИЦЕНЦИРАН превоз (клима, ЦД, ДВД, разглас…) на
горенаведената релација, разглед на Будимпешта со стручен водич, 2 НП во Будимпешта во хотел со 4*
(DANUBIUS HOTEL ARENA****), ТРАНСФЕР на патници без надокнада од Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје,
Куманово…организација, водство и реализација на аранжманот.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културноисториските споменици, патничкото осигурување (150,00 ден. – по лице), трансфер на патници од Струга, Охрид, Ресен (доплата 10 € по лице). ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА – БУДИМПЕШТА : Крстарење со Брод – 20 € по лице (препорака – минимум 30 патници). ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА – ВИЕНА : Посета и разглед на Виена со стручен водич – 30 € по лице (препорака – минимум 30 патници).
ПОТРЕБНИ COVID – документи за ВЛЕЗ во Р.УНГАРИЈА & АВСТРИЈА :
– Негативен PCR тест, не постар од 72 часа од денот на влегување во Унгарија
– Негативен RAPID антигенски тест, не постар од 48 часа од денот на влегување во Унгарија
– GREEN PASS (вакцинален пасош, за примени 2 дози на вакцина и тоа од следните производители :
Pfiser-BioNtec; Moderna, AstraZeneca & SINOPHARM – за двете земји;)
– СЕРТИФИКАТ за прележан COVID 19 (не постар од 6 месеци од денот на влез во Р.Унгарија)
НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот
рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во
програмата.
Со оваа програма важат Општите услови на т.а. МИГ ТРАВЕЛ и СКТМ