БУДИМПЕШТА-СЕНТ АНДРЕА-ЕСТЕРГОМ

You are currently viewing БУДИМПЕШТА-СЕНТ АНДРЕА-ЕСТЕРГОМ

Будимпешта – Kралица на Дунав, преполна со култура која освојува и заведува, преполна со романтични мостови и широки булевари, улички со калдрма, живописни куќи… Со спојувањето на трите града- Будим, Обуда и Пешта во 1873 год. настанала единствената Будимпешта, денес град со околу 2 милиони жители, административен, културен, научен, трговски и сообраќаен центар на Унгарија. Будимскиот дворец, авенијата Андраши со плоштадот на хероите и Милениумската подземна железница се прогласени за светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Ако сте љубители на уметноста, архитектурата и историјата Будимпешта е вистинскиот избор за Вас.
Програма

1 ден ЧЕТВРТОК (21.04.2022) – СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА
Состанок со групата на Дрводекор во 18.00 часот, поаѓање во 18:30 часот. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден ПЕТОК (22.04.2022) – БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Потоа следува факултативен панорамски разглед на градот со професионален туристички водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Сместување во хотел, време за одмор. Вечерта се упатуваме на крстарење со брод на Дунав со вклучен пијалок – шампањ или безалкохолен пијалок. Прошетка и во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден САБОТА (23.04.2022) – БУДИМПЕШТА –ВИЕНА
Појадок. После појадокот, факултативна посета на Виена. Панорамски разглед на Виена – булеварот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург и слободно време за индивидуални прошетки.лот Франц Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ центарот на Виена. Во попладневните часови враќање кон Будимпешта. Ноќевање.

4 ден НЕДЕЛА (24.04.2022) – БУДИМПЕШТА-СЕНТ АНДРЕА-СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот, организиран превоз до улица Ваци (најпознатата и најубавата улица во Будимпешта) каде има можност за индивидуални прошетки.

Во 13:00 часот посета на Сент Андреа. Сент Андреа е место познато по десетиците музеи, големиот број кафулиња, како и магичната атмосфера на уличките помеѓу куќите изведени во различни стилови, преполни со продавнички за ракотворби и сувенири. Поаѓање за Скопје со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 109 ЕВРА ПО ЛИЦЕ
ПРОМО ЦЕНА: 89 ЕВРА ЗА УПЛАТИ ДО 15.03.2022

 

Во цената е вклучено:
– Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
– 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Будимпешта
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
– Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Кавадарци (Црна Река), Велес и Куманово

 

Во цената не е вклучено:
– Разглед на Будимпешта со локален водич -10 евра
– Посета на Виена – 25 евра
– Крстарење со брод по реката Дунав -15 евра
– Посета на Сент Андреа – 10 евра
– Патничко осигурување
СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ – со сите вклучени факултативи (разглед на Будимпешта,посета на Виена, посета на Сент Андреа и крстарење со брод) – 50 евра по лице (со резервација во агенција)

 

НАПОМЕНА:

– За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– Се патува со сертификат за вакцинација (примени две дози) или негативен PCR тест
– За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
– За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– За овој аранжман важат општите услови на патување на Идеал Травел и МИГ Травел