Будимпешта – Божиќен базар

You are currently viewing Будимпешта – Божиќен базар

07.12.2022 – среда
Состанок со групата во Скопјe. Ноќно возење преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 08.12.2022 – четврток
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Следува разглед на градот со локален водич: плоштадот на
хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј,
улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Сместување во хотел. Слободно време. Вечерта
крстарење со брод по Дунав (факултативно). Враќање во хотел. Ноќевање.

09.12.2022 – петок
Појадок. После појадокот се упатуваме на прошетка до живописното гратче Сент Андреа (факултативно), во
близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби и кое е богато со голем
број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви.Попатна посета на базиликата Естергом посветена на
Пресвета Богородица и на Светиот Адалберт. Враќање назад во Будимпешта. Вечерта факултативна вечера во
национален ресторан Чарда. Ноќевање.

 10.12.2022 – сабота
Појадок.Посета на шопинг центар Арена. Слободно време за индивидуални активности. По договор со
представникот, поаѓање за Скопје. Ноќно патување преку Србија, со попатни паузи за одмор и царински
формалности. Пристигнување во Скопје следниот ден во утринските часови.

ЦЕНА:

149 по лице

Additional Info:
Во цената на аранжманотe вклучено:
· Превоз со туристички автобус на дадените дестинации;
· Сместување во хоте 3*, во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок;
· Професионален туристички придружник од агенцијата;
· Организација и реализација на аранжманот.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
· Разглед на Будимпешта со локален водич – 15 евра;
· Крстарење со брод по Дунав – 20 евра;
· Посета на Сент Андреа – 20 евра:
· Факултативна вечера во национален ресторан (40 еур)
· Влезници за музеите и културно – историските споменици;
· Задолжително патничко – здравствено осигурување;
· Доплата за еднокреветна соба.
Општи напомени:
· Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС 
· Резервација се прави со уплата на 50% од вкупниот износ на аранжманот;
· Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
· Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
· За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 40 патника;
· За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на
аранжманот,
· Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената
на превозот или хотелот;
· Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во
целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
· Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на
промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
· За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста
на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во
програмата;
· Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
· Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на
непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во
сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.