УЛ.ПЕЦЕ МАТИЧЕВСКИ БР.15, 7000 БИТОЛА  + 389 47 512 512  + 389 76 296 296       info@migtravel.mk

БУДИМПЕШТА-БРАТИСЛАВА-СЕНТ АНДРЕА

You are currently viewing БУДИМПЕШТА-БРАТИСЛАВА-СЕНТ АНДРЕА

Програма

1
1 ден 07.12.2022 среда СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА
    Состанок со групата на Дрводекор во 18.00 часот, тргнување во 18:30 часот. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2
2 ден 08.12.2022 четврток БУДИМПЕШТА
    Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Потоа следува факултативен панорамски разглед на градот со професионален туристички водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав.Сместување во хотел, време за одмор. Вечерта Крстарење со брод на Дунав со вклучен пијалок шампањ или безалкохолен пијалок. Прошетка и во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.
3
3 ден 09.12.2022 петок БУДИМПЕШТА – БРАТИСЛАВА
    • Појадок. После појадокот, факултативна посета на Словачката престолнина Братислава. Разглед на старото градско јадро, средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Михалската порта, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy во која Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт. Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање кон Будимпешта. Ноќевање.
4
4 ден 10.12.2022 сабота БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА – СКОПЈЕ
    • Појадок. Напуштање на хотелот,организиран превоз до улица Ваци (најпознатата и најубавата улица во Будимпешта) каде има можност за индивидуални прошетки.
    • Во 13:00 часот посета на Сент Андреа. Сент Андреа е место познато по десетиците музеи, големиот број кафулиња, како и магичната атмосфера на уличките помеѓу куќите изведени во различни стилови, преполни со продавнички за ракотворби и сувенири. Поаѓање за Скопје со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 11.12.2022 (недела).

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 119 евра / 7378 ден.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Превоз со високотуристички автобус на дадените дестинации,
– Две ноќевања во хотел 3* во Будимпешта
– Придружник од агенцијата за време на патувањето,
– Организација и реализација на аранжманот
– Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Кавадарци (црна река), Велес, Штип и Куманово

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Разглед на Будимпешта со локален водич – 10 евра
– Крстарење со брод по Дунав – 20 евра
– Посета на Братислава – 30 евра
– Посета на Сент Андреа -10 евра (ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА)
– Патничко осигурување-300 денари
– Задолжителна туристичка такса – 2.5€ по лице по ноќевање

СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ со сите вклучени факултативи (разглед на Будимпешта, посета на Братислава, посета на Сент Андреа и крстарење со брод) – 60 евра по лице (со резервација во агенција)

 

НАПОМЕНA ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

 

 НАПОМЕНА:

– За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– За овој аранжман важат општите услови на патување на Идеал Травел и Миг Травел

%d bloggers like this: