Божиќен маркет во Нови Сад, Сегедин и Белград

You are currently viewing Божиќен маркет во Нови Сад, Сегедин и Белград

Доаѓа најубавото време во годината, време за празници и за убави моменти. Затоа ова е одлична можност да ги посетите божиќните маркети во Нови Сад, Сегедин (Унгарија) и Белград

 

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

99 евра по лице со задолжителна резервација на пакетот факултативи 45 евра по лице,

редовна цена 109 евра за уплата до 30.10.2022

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Автобуски превоз на дадената релација
  • 2 ноќевања во хотел со појадок во Нови Сад
  • Разглед на Нови Сад
  • Посета на Белград и трговски центар Галерија
  • Организација на патувањето и пратител

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Туристичка такса 1.25 евра по лице по ноќевање (се плаќа на рецепција)
  • Посета на Сремски Карловци и познатата винарија и музеј на пчелите Живановиќ – 15евра
  • Посета на Суботица – Паличко езеро – божиќен маркет во Сегедин (Унгарија) – 35евра
  • Патничко осигурување 200 денари по лице

 

СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ СО СИТЕ ФАКУЛТАТИВИ НАМЕСТО 50 ЕВРА, 45 ЕВРА СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА. ПЛАЌАЊЕ ВО АВТОБУС

 

ПРОГРАМА:

Прв ден 08.12.2022 (четврток)
СКОПЈЕ – НОВИ САД – СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ

Состанок на групата во 00:30 часот на Дрводекор, поаѓање во 01:00часот за Нови Сад. Ноќно патување низ Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности. По пристигнувањето следува организиран разглед на градот со придружба на локален водич. Ке ја посетиме Петроварадинската тврдина, таканаречена ГИБРАЛТАР НА ДУНАВ, чиј камен темелник бил поставен во 17тиот век а градењето траело цели 88 години. Ова ремек-дело на воената архитектура од кое се пружа преубав поглед на градот има бројни подземни тунели кои се протегаат на 120 хектари површина. Еден од симболите е саатот сместен на највисоката точка на тврдината, наменет за патниците кои што пловат низ Дунав.

  • Во продолжение на разгледот ке го посетиме строгиот центар на Нови Сад, Дунавската улица, паркот, неоготската и римокатоличката катедрала, владичиниот двор, градската куќа и друго. Слободно време за индивидуална прошетка. Сместување во хотел.
  • Попладнето можност за посета на Сремски Карловци и винаријата и музеј на пчелите Живановиќ. Сремски Карловци се смета за најубавиот барокен град во Србија, град каде се наоѓа најстарата гимназија во Србија. Околината е збогатена со влијанието на планината Фрушка гора, со богат виногради, па така овде можеме да најдеме мноштво на мали вински винарии, каде можете да ги пробате најубавите вина во Србија.

Прошетката започнува со посета на Сремски Карловци, каде не очекува мал видиковец, каде ќе го видите градот од поинаква перспектива од каде се спуштаме кон центарот на градот, каде следува кратка пешачка тура на која ќе се запознаеме со најубавите знаменитости и градби на градот. Застануваме пред најстарата гимназија, во чија близина се наоѓа прочуената фонтана „4 лава“. Продолжуваме кон Соборната црква и старата римокатоличка катедрала. По прошетката која трае околу половина час, се упатуваме кон винските подруми, каде не очекува дегустација на едни од најубавите вина во Србија во винаријата Живановиќ. Цената на излетот е 15евра по лице. Во вечерните часови враќање во Нови Сад и ноќевање.

 

Втор ден 09.12.2022 (петок)
СУБОТИЦА – ПАЛИЧКО ЕЗЕРО – СЕГЕДИН

  • По појадокот се упатуваме кон Суботица, следува организиран разглед на градот со локален водич. Суботица е најсеверниот град во Србија и второ најголемо урбано население во Војводина. За разлика од другите градови во Европа во Суботица не доминира велелепната катедрала или импозантната црква туку Градската куќа, ремек дело на Унгарската сецесија изградено во 1912 година. На плоштадот се наоѓа барокната катедрала а веднаш до неа е споменикот на жртвите на фашизмот – најголемиот споменик во Суботица. Потоа следува посета на познатото Паличко езеро кое заради својата геолошко-еколошка вредност е прогласено за заштитен природен парк. Паличкото езеро со своите термални води, песочни плажи и раскошната архитектура навистина пружа многу. Не е ни чудо што некогаш било монденска дестинација на богатата аристократија. На езерото има три уредени плажи, а за време на туристичката сезона температурата на водата е меѓу 18 и 25 степени. Езерото е значајно и по неговата лековита кал. Брегот на езерото е долг 17 км и уреден е во целата своја должина, а езерото е опкружено со природен парк. Она што е препознатливо и што му дава шмек на ова место е арихтектурата на хотелите, вилите и куќите.
  • Потоа се упатуваме кон граничниот премин Хоргош за влез во Унгарија. Пристигнување во Сегедин, најсончевиот град кој лежи на реката Тиса. Четврт најголем град во државата, најпознат по гулашот, но и шопингот. Токму за време на Божиќните маркети овој град е задолжителен за посета, каде на улиците можете да ги пробате бројните унгарски специјалитети како Лангош и гулашот. Овој град е познат универзитетски град во кој ќе уживате во бројните туристички атракции кои го красат градот. После кратката прошетка и разглед на градот, слободно време за шопинг и уживање во магијата на Божиќ.
  • Слободно време од 4-5 часа и во вечерните часови враќање кон Нови Сад. Цената на оваа посета е 35 евра по лице.
  • Ноќевање.

 

Трет ден 10.12.2022 (сабота)
НОВИ САД – БЕЛГРАД – СКОПЈЕ

  • По појадокот се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон Белград. Пристигнување на студентскиот плоштад  и слободно време за прошетка и шопинг низ најпознатата улица Кнез Михајлова, посета на Калемегдан и можност за кафе пауза во еден од најпопуларните локали во срцето на Дорчол, во стариот дел на Белград. Во договорено време тргнување кон трговскиот центар Галерија и слободно време за шопинг. Во договорено време поаѓање за Македонија и пристинување во доцните вечерни часови.

 

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

  • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
  • Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
  • Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
  • Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
  • ВАЖНО: Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ или Србија
  • Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
  • Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
  • Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Турција, пасошот треба да е минимум до 6 месеци пред истекување, во спротивно можно е да не биде пуштен на територијата на Република Турција. Агенцијата не сносува одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
  • Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
  • Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сносува одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.
  • Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
  • За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
    Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
    Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Go Travel ќе ги проследи барањата до хотелот, но не гарантира за исполнување на истите.
  • Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.
    Go Travel не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
  • Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.
  • Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
  • Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
  • ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
  • Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната.
  • Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
  • Организатор на патувањето е туристичката агенција Go Travel од Скопје со лиценца А (Министерство за економија).
  • Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100.000 евра во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.
  • Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
    Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Го Травел и МИГ Травел