НОВИ САД И БЕЛГРАД

You are currently viewing НОВИ САД И БЕЛГРАД

Нови Сад е вториот по големина град во Србија по Белград. Според најновиот попис од 2011 година, градот има урбано население од 277.522 жители, додека населението на општината е 341.625. Градот се наоѓа на границата помеѓу регионите Бачка и Срем, на брегот на реката Дунав и каналот Дунав-Тиса-Дунав, притоа гледајќи на северните падини на планината Фрушка гора. Уште од формирањето во 1694, Нови Сад е центар на српската култура и го добил името Српска Атина. Денес Нови Сад е голем индустриски и финансиски центар на српската економија, а исто така е еден од најголемите градежни локации во регионот.

Програма

1 ден 23.04.2022 (САБОТА) СКОПЈЕ – НОВИ САД
Состанок на групата во 01:00 часот на Дрводекор , поаѓање во 01:30 ч. за Нови Сад. Ноќно патување низ Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

По пристигнувањето следува организиран разглед на градот со придружба на локален водич. Ке ја посетиме Петроварадинската тврдина, таканаречена ГИБРАЛТАР НА ДУНАВ, чиј камен темелник бил поставен во 17тиот век а градењето траело цели 88 години. Ова ремек-дело на воената архитектура од кое се пружа преубав поглед на градот има бројни подземни тунели кои се протегаат на 120 хектари површина. Еден од симболите е саатот сместен на највисоката точка на тврдината, наменет за патниците кои што пловат низ Дунав.

Во продолжение на разгледот ке го посетиме строгиот центар на Нови Сад, Дунавската улица, паркот, неоготската и римокатоличката катедрала, владичиниот двор, градската куќа и друго. Слободно време за индивидуална прошетка. Сместување во хотел. Вечерта можност за факултативна вечера со тамбураши. Ноќевање

 

2 ден 24.04.2022 (НЕДЕЛА) НОВИ САД – СУБОТИЦА – ПАЛИЧКО ЕЗЕРО – ВИНАРИЈА ЅВОНКО БОГДАН
По појадокот се упатуваме кон Суботица, следува организиран разглед на градот со локален водич. Суботица е најсеверниот град во Србија и второ најголемо урбано население во Војводина. За разлика од другите градови во Европа во Суботица не доминира велелепната катедрала или импозантната црква туку Градската куќа, ремек дело на Унгарската сецесија изградено во 1912 година. На плоштадот се наоѓа барокната катедрала а веднаш до неа е споменикот на жртвите на фашизмот – најголемиот споменик во Суботица. Потоа следува посета на познатото Паличко езеро кое заради својата геолошко-еколошка вредност е прогласено за заштитен природен парк. Паличкото езеро со своите термални води, песочни плажи и раскошната архитектура навистина пружа многу. Не е ни чудо што некогаш било монденска дестинација на богатата аристократија. На езерото има три уредени плажи, а за време на туристичката сезона температурата на водата е меѓу 18 и 25 степени. Езерото е значајно и по неговата лековита кал. Брегот на езерото е долг 17 км и уреден е во целата своја должина, а езерото е опкружено со природен парк. Она што е препознатливо и што му дава шмек на ова место е арихтектурата на хотелите, вилите и куќите. По разгледот на Паличко езеро се упатуваме кон ВИНАРИЈАТА ЅВОНКО БОГДАН која е опремена со најсовремената француска технологија и го носи името на познатиот пејач од Суботица, господинот Ѕвонко Богдан. Обиколка на винаријата и слободно време за фотографија. По разгледот на винаријата се упатуваме кон Нови Сад. Слободно индивидуално време. Ноќевање.

 

3 ден 25.04.2022 (ПОНЕДЕЛНИК) НОВИ САД – БЕЛГРАД – СКОПЈЕ
По појадокот се упатуваме кон Белград, пристигнување на студентскиот плоштад во Белград. Слободно време за прошетка и шопинг низ најпознатата улица Кнез Михајлова, посета на Калемегдан и можност да ручек еден од најпопуларните локали во срцето на Дорчол, во стариот дел на Белград. Во договорено време тргнување кон Македонија. Пристинување во Македонија во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 99 ЕВРА ПО ЛИЦЕ
ПРОМО ЦЕНА: 89 ЕВРА ЗА УПЛАТИ ДО 15.03.2022

 

 

 Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со високотуристички автобус
– 2 ноќевања со појадок во Hotel 4*
– Посета на Белград
– Организација на патувањето и пратител

 

 Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Туристичка такса 1.20 евра по лице по ноќевање (се плаќа на рецепција)
– Свечена вечера со тамбураши 20 евра
– Факултативна посета на Суботица – Паличко езеро – Винарија Ѕвонко Богдан – 25 евра
– Патничко осигурување 200 ден.

 

НАПОМЕНА:
– За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
– За ова патување потребен е сертификат за вакцинација или негативен антиген тест
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 5 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– Се патува со лична карта или пасош
– За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
– За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– За реализацијата на факултативата потребено е да се пријават минимум 20 патници
– За овој аранжман важат општите услови на патување на МИГ ТРАВЕЛ