БЕЛГРАД 11ти ОКТОМВРИ

You are currently viewing БЕЛГРАД 11ти ОКТОМВРИ

 

БЕЛГРАД-НОВИ САД-ПЕТРОВАРАДИНСКА ТВРДИНА-СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ-ФРУШКА ГОРА

 2 Ноќевања со појадок+ превоз

08.10.2021 – Состанок со групата во 23:45 од спортска сала Битола па поаѓање за Белград. Патот води преку граничен премин Табанвце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
09.10.2021– Пристигнување во Белград, сместување во хотел и кратка пауза. Во договорено време со локалниот водич се упатуваме кон центарот на Белград, посета на храмот св.Сава, пешачка тура низ Калемегдан – Калемегданската тврдина, плоштадот Никола Пашиќ, хотел Москва, Булевар Револуција, Собранието, како и прошетки и кафе по Кнез Михајлова. По разгледите имаме слободно време за индивидуални активности, кафе, ручек, шопинг..Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.
10.10.2021 – Појадок. Факултативен целодневен излет до Нови Сад и Сремски Карловци со локален водич. Прво пристигнуваме во ФРУШКА ГОРА еден од петте национални паркови во Р.Србија со 16 православни манастири каде се прави посета на манастирот Крушедол. По разгледите продолжуваме во Сремски Карловци, се запознаваме со белиот чинар, Соборната црква, Католичката црква, фонтаната со 4 лавови итн.. Местото е познато по своите вински подруми, следува посета на винарија каде ќе имате можност на бесплатна дегустација на две вина. Во договрено време се упатуваме кон Петроварадинската тврдина која се наоѓа во населбата Петроварадин од која имаме прекрасен поглед кон реката Дунав. Се упатуваме кон Нови Сад, пристигнување и разглед на центарот на градот, католичката црква, Владичанскиот двор, плоштадот со градското собрание..слободно време за кафе и ручек.  Во договорено време се враќаме за Белград. Пристигнување во хотел за одмор. Во вечерните часови предвидено факултативно посета на сплав.  Враќање во хотел. Ноќевање.
11.10.2021– Појадок. Одјавување од хотелот. Факултативно крстарење по Дунав и Сава. Потоа посета на тровски центар УШЧЕ, слободно време за шопинг, кафе и сл. Во договорено време поаѓање за Македонија. Денско и ноќно возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 89 еу редовна цена
79 еу промо цена за резервации и целосна уплата до 10.09.2021

Во цената е вклучено :
Превоз на наведената релација со туристички автобус
2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Белград
Организација и водство на патувањето
Лиценциран пратител на групата
Разглед на Белград со локален водич
Разглед на Нови Сад со локален водич

Во цената не е вклучено:
Факултативен целодневен излет НОВИ САД+СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ-ФРУШКА ГОРА – 30 еу
Факултативно крстарење Дунав и Сава -20 еу
туристичка такса 120 денари
Патничко осигурување
Сплавови

Важно
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
За ова патување потребно е да се приложи сертификат за вакцина или брз антиген тест
Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.