Азурен Брег- (Ница-Кан- Антиб-Сен Тропе- Монако-Монте Карло) 3НП – 8-ми Март

You are currently viewing Азурен Брег- (Ница-Кан- Антиб-Сен Тропе- Монако-Монте Карло) 3НП – 8-ми Март
Азурен Брег- (Ница-Кан- Антиб-Сен Тропе- Монако-Монте Карло) 3НП – 8-ми Март
 
Ве водиме на незаборавно патување со колоритни предели и неверојатно убави градови… Не ја пропуштајте можноста да уживате во мирисот на ловори, маслинки, море, јасмин и парфем во воздухот… Сето тоа зачинето со неверојатни приказни и сцени кои ќе Ви го одземат здивот… Кан – монденски центар познат по својот престижен филмски фестивал, Ница – Кралица на Азурниот брег, сместена во заливот на Ангелите, кнежеството Монако со романтичната приказна за една љубов и секако Монте Карло и неговите луксузни коцкарници. Уживајте во магијата на Азурниот брег – најпрестижната ривиера на Медитеранот, која е створена да ги заведе очите, умот и фантазијата…
 
1 ДЕН 07.03.2023 СКОПЈЕ
Состанок на групата во 09 00 ч. Поаѓање во 09:30 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска.Денско и ноќно возење со попатни паузи.
 
2 ДЕН  08.03.2023 НИЦА 
Oчекувано пристигнување во  Ница околу пладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Ноќевање.
 
03 ДЕН 09.03.2023 НИЦА – СЕН ТРОПЕ
Појадок. По појадокот препорачуваме посета на најгламурозниот град на Азурниот брег – СЕНТ ТРОПЕ: Прошетка по живописните улички, пристаништето со луксузните јахти и прочуени кафичи ( Senequer) каде вообичаено се испива утринското кафе со познатиот колач Tarte Trapezien.  Во попладневните часови враќање во Ница. Ве водиме на прошека низ стариот дел на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата… Слободно време за индивидуални прошетки и ручек во некој од автентичните провансалски ресторани во центарот на градот.  Враќање во хотел. Ноќевање.
 
04 ДЕН 10.03.2023 НИЦА – АНТИБ – КАН :
Појадок.  Препорачуваме целодневен излет до монденското место Антиб и гламурозниот Кан. Антиб е прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо, прошетка по калдрмата на автентичните улички, преполни со уникатни локални дуќанчиња, бистроа и ресторани…  а потоа продолжуваме со посета на монденскиот Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, стариот град со тврдината…  Слободно време за прошетки… Враќање во Ница, можност за индивидуални прошетки низ центарот на Ница. Ноќевање.
 
05 ДЕН  11.03.2023 НИЦА – ЕЗ – МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО – СКОПЈЕ: 
Појадок. Одјавување од хотел.  Целодневна посета на Монако и Монте Карло со  попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини… продолжуваме по патеката на F1( пешки), посета на Монте Карло со познатите коцкарници.Слободно време за посета на казината. Поаѓање кон Македонија во вечерните часови. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија… Ноќно и денско  возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.
 
06 ДЕН 12.03.2023 СКОПЈЕ:  
Очекувано Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
 
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО  20.01.2023 : 249€ / 15.440 ден
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  279 € / 17.300 ден
 
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :
– Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
– Сместување во Хотел 3* во центарот на Ница, на база 3 ноќевања со појадок,
– Разглед на Ница
– Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.
 
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
– Задолжително патничко осигурување 250 мкд,
– Посета на Ст. Тропе (40€)
– Посета на Кан и Антиб(50€)
– Задолжителна посета на Монако, Монте Карло и фабрика за парфеми ‘Fragonard’ последниот ден (50€)
*** ПАКЕТ ИЗЛЕТИ – Азурен брег – 130€
 
– Крстарење до Св. Маргарита со посета на музејот на морето (15€)( надвор од пакетот излети)
– Туристичка такса во Ница (3€ по лице на ден, се плаќа во агенција)
– Влезници за културно историски споменици, музеи.
– Билети за јавен превоз
– Доплата за еднокреветна соба 6.900 ден
– Доплата за избор на седиште 10€
 
НАПОМЕНИ:
– За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
– Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
– За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
– Останатите услови на патување важат според годишниот програм на СКТМ и Ваикики Травел и Т.А МИГ ТРАВЕЛ
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
– Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.