УЛ.ПЕЦЕ МАТИЧЕВСКИ БР.15, 7000 БИТОЛА  + 389 47 512 512  + 389 76 296 296       info@migtravel.mk

АТИНА

You are currently viewing АТИНА

Програма

1
07.12.2023 (Четврток)-Скопје-Атина
    Состанок на групата во 20.00 часот. Поаѓање за Атина во 20.30 часот.Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.
2
08.12.2023 (Петок)-Атина
    • Пристигнување во Атина во предпладневните часови. Панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омониа, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон…) што во превод значи град на рид. Старото население поради одбрана бирало земјиште најчесто на ридови со стрмни страни и на таквите места се правеле тврдини во многу делови на светот кој потоа станувале центар на големи градови кој што се развивале. Многубројните освојувачи на Акропол извршиле измени на ова место.
    • Сместување во хотел. Слободно попладне.
    Ноќевање.
3
09.12.2023 (Сабота)-Атина-Пелопонез
    • Појадок. Факултативна посета на Пелопонез со водич.
    • Се поминува Коринтскиот канал, кој го соединува Саронскиот залив на Егејското море и Лахејскиот залив на Јонското море од каде се оди до островот Пелопонез.Ќе имате можност да направите преубави фотографии од мостот над самиот канал.
    • Се посетува и Епидавр или Епидариус – родното место на Асклепии, бог – лечител од митологијата. Тука се наоѓа и најубавиот антички театар со неверојатна акустика.
    • Се продложува кон Нафплио – првата столица на новата Грчка држава познат и како градот на трите тврдини (средновековната тврдина Palamidi, древната тврдина Akronavplia, отоманската тврдина Bourtzi).
    • Се посетува златниот град Микена – град на легендарниот цар Агамемнон, откриен од археологот Хајнрих Шлиман воедно претставува најважен археолошки објект во Грција. Ќе ја видите величестевната лавовска порта на влезот од микенската тврдина, руините од дворецот и царските гробници, како и гробницата на Агамемнон…
    • Вечерта факултативна посета на некој од Божиќните маркети во Атина.
    Ноќевање.
4
10.12.2023 (Недела) -Атина-Сунион-Скопје
    • После појадокот напуштање на собите и се упатуваме на излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион -нај јужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон.
    • По завршување на екскурзијата, патот го продолжуваме кон Македонија
    Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 11.12. – Понеделник.

Цена на аранжманот: 179 Eур/11.098,00 МКД

ПОПУСТ ЗА РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 31/11/2023: 161 Еур/9.980 МКД

 

 

Што е вклучено:

 

  • -Автобуски превоз на наведената релација
  • -Сместување во Хотел 3*, во центарот на Атина на база 2 ноќевања со појадок
  • -Панорамски разглед со водич
  • -Организација на аранжманот и пратител на групата

 

Не е вклучено:

  • -Задолжително патничко осигурување
  • -Факултативна посета на Пелопонез (40 €)-не се вклучени влезниците за театарот во Епидариус (12 €) и Микена (12 €)
  • -Посета на Сунион со вклучена влезница (35€)
  • -Влезница за во Акропол со водич и слушалки (20 еур)
  • -Факултативна посета на Божиќен Маркет (5 еур)
  • Пакет факултативи- 90 еур ( Пелопонез, Акропол ,Сунион, Божиќен пазар)
  • -Туристичка такса 4 евра по лице се плаќа во автобус
  • -Индивидуални трошоци