Апартмани Ромина – Саранда, Албанија

You are currently viewing Апартмани Ромина – Саранда, Албанија

Ромина апартмани, Бкат, се наоѓаат  во Саранда, лоцирани на одлична локација на само 100м од плажата Калемис. Апартманите се опремени со дневна соба, 2 спални (ТИП1) или 3 спални соби ТИП2, едната со брачен кревет и другата со 2 единечни кревети и комплетно опремена кујна.

Во дневиот простор се опремени со гарнитура за седење на која може да се спие исто така, како и трпезарија и кујна. Обезбеден е телевизор со рамен екран. Климатизираното сместување е на 2 минути пешачење од плажа  (100м) и  супермаркет и ресторан во непосредна близина.

 Главното шеталиште се наоѓа на само 15-20 минути пешачење од апартманите, додека пристанишниот терминал е само 10 минути пешачење. Апартманите се опремени со машина за перење, пегла, фен и потребна опрема во кујна. Има уличен паркинг бесплатно, како  и приватен обезбеден паркинг со доплата во непосредна близина. 

Во апартманите има бесплатен Wi-Fi. Капацитет е 4 – 8  лица во зависност од изборот на апартман (Тип1 или Тип2). Апартманите се погодни за гости кои сакаат комфор, приватност, како и поголеми фамилии и друштва. Најблиската плажи се пред хотелите Саранда палас, Аполон и хотел Калемис, каде може да се направи резервација на лежалки и чадори по намалена цена за нашите гости.

За време на вашиот престој имаме преставник на агенцијата кој ќе биде на располагање во секое време за сите ваши барања.

GPS координати 39.872404227464976, 19.995877882059773

Саранда 2022 ПОПУСТИ: 20% за уплата до 30.12.2021       15% за уплата до 31.01.2022       10% за уплата до 31.03.2022
Апартмани Ромина Б кат Саранда Maj Јуни Јули Август Септември
27 03 10 17 24 01 08 15 22 29 05 12 19 26 02 09 16
Тип1 апп (5 лица) 109 119 199 249 299 339 349 419 419 419 419 419 419 369 299 239 199
Тип2 апп (7 лица) 109 119 219 269 319 359 369 439 439 439 439 439 439 389 319 259 219
Број на ноќи промо промо 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7
Цените се дадени по апартман за 7 ноќи во Еур за уплата исклучиво во МКД по курс 62 ден/Еур.
Апартманите се опремени со дневна соба, комплетна кујна, фрижидер и големи тераси, две или три спални соби.
Лежалки и чадори на барање, по специјално намалени цени за гостите на апартманите.
Автобуски превоз Скопје, Велес, Прилеп, Битола, Охрид 50 Еур. Деца 2 -12 год -10 Еур од цената за возрасен.
За уплата на 2 и повеќе термини одобруваме 7% попуст. Попустите не може да се комбинираат.
Термините кои се обележани со црвено се ПРОМО и не подлежат на попуст. Клима вклучена во цена.
 Важат Општите услови за патување на СКТМ.

 

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ  за Албанија: 
Скопје (Дрводекор) / Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) -Трансфер до Битола
Цени за Валона-Саранда-Ксамил  50 € возрасен
Деца од 2-11,99год: -10еур од цената на возрасен

Време на поаѓање за АЛБАНИЈА :
23:00 h Скопје (Дрводекор) – Трансфер (претходен ден)
23:45h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) – Трансфер
23:00h Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер
00:30h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол, Дреново) – Трансфер
01:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил) – Трансфер
02:00 h Битола (Автобуска станица Транскоп – на перон)
02.30h Ресен (спроти автобуска станица)–Трансфер
03:00h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер
03.15h Струга (Хотел Дрим) –Трансфер
Релациите кои се наведени како ТРАНСФЕР се реализираат со патнички возила или комбе
Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.

ВАЖНО : При обавување на автобускиот превоз ќе бидат запазени сите Ковид мерки за дезифенција, носење маски, како и исполнетост на возилото. Патувањето за Албанија КСАМИЛ се реализира преку граничен премин КАФАСАН-Струга со што може да се патува со ЛИЧНА КАРТА или ПАСОШ