АНТАЛИЈА & КАПАДОКИЈА

You are currently viewing АНТАЛИЈА & КАПАДОКИЈА

Анталија – Кападокија

Земја на феномени со лет од Скопје

ПАКЕТ “СТАНДАРД “: 509 еур по лице

 

Пред милиони години, во зората на човечката цивилизација се појавила земјата на «самовилските бајки» и стотици пирамиди во централното Анталиско подрачје – земја со еден од најневообичаените пејзажи во светот. Откријте ги  заедно со нас неповторливите историски места: убавината  на Кападокија и турската Ривиера.

 

30.05 Прв ден: Скопје– Аеродром Анталија – Сиде

Полетување од  Скопје за Анталија во 5:15  часот, со чартер лет. Слетување  на аердромот во Анталија во 7:55 часот. Средба со представникот од  фирмата партнер во Анталија. Трансфер до хотел. Сместување. Вечера. Слободно време. Ноќевање.

 

31.05 Втор ден: Сиде – Коња (240 км), Коња – Кападокија (220 км)

После појадокот  одиме  за Кападокија. Овој пат  Ве водиме на неверојатна екскурзија  преку планината Тавор до Коња, поранешна престолнина на  Селџуската империја. Коња – тоа е «зелената оаза», каде  прекрасните со убавина  растенија и реки создаваат неповторлива смрувачка атмосфера.  Зо време на таа екскурзија  Вие ќе можете да посетите една од верските светилишта  во тие места – мавзолејот на ислямскиот филозоф Руми. Мевлана Руми е основател на мистичниот суфиски орден на «вртечките дервиши», чиј танц е божествена молитва и хипнотизирачка медитација(вклучена во цената). Пристигнување  во Кападокија. Сместување во хотел. Вечера. Слободно време. Ноќевање.

 

01.06 Трет ден: Кападокија

Кападокија – “Земјата на убавите коњи” е еден музеј на отворено, вклучен во списокот на УНЕСКО за светско наследство. Земја извадена од соништата  и фантастичните приказни. Ветерот и сонцето се извајале чудни формации од карпите , а  околу 5 века човечката  рака е издлабила  во нив едни од нај-старите христијански  цркви и манастири. Тука Апостол Павел ги води првите христијани, тоа е родното место на Св. Георги и Св. Василиј Велики.

Кападокија пред се  е мистичен преубав пејзаж, создаден од самата природа: розови и бели скали, недопрени  «магични кули». За Вас ќе се организира  екскурзија по тој магичен пејзаж , таканаречен уште и  «пејзаж месечина». Ќе го посетите познатото  поклонично место Гореме со уникатни по убавина пештерни населби, врежани во  карпите  домови и цели дворци, споменик, кој се наоѓа под заштита на УНЕСКО. Ке  бидете восхитени  од изсечените од камен  гостински соби и спални, манастири и цркви. Ке видите и храмови на православна Византија: школата на свети апостол Павел, зидни слики  на православни светци, Библиски приказни во  древни фрески. Исто така по желба од Ваша страна, ке ви биде предложена Прегледна екскурзија на воздушен балон над приказниот пејзаж на Кападокија(со дополнителна доплата).  Вие ке можете од «птичји поглед» да ја разгледате неповторливата убавина на тоа место. Вечерта ке имате можност  доколку имате желба  да земете учество во прекрасна кападокијска  вечер, каде ќе  можете да уживате во нивниот фолклор и интересни танци (со дополнителна доплата  – 30 евра со вклучени пијалоци и програма). Враќање во  хотелот. Вечера. Ноќевање.

 

02.06 Четврти ден: Кападокија

После појадокот  заминување  за еден од подземните градови. Таму нацело под земјата се ископани  десетици километри галерии простории за сечење, построени уште  пред 4000 години од хетите, кои стигаат понекогаш  до 20 спрата надолу во земните недра. Тие служеле за се, со кое треба да располага еден град – резервоари за вода, складови за жито, мелници, штали, живеалишта. Според некои историчари, во кападокијските карпести манастири и подземни градови се живееле до 80 илјади жители. Посета  на долината Зелве – природен феномен со “чудесни” карпести оџаци, кои се издигаат  на височина 30 – 40 метра и центар за обука на монаси. На крај Вие ќе посетите карактеристична  за областта  занаетчилница  за производство на килими. Ние ќе Ви ги покажеме сите стадии на производство и ке имате можност и да си купите . Вечерта можете да уживате во мистичната церемонија, наречена «дервиши што се вртат» со хипнотизирачка молитва и божествена служба, во еден од самовилските керван – сараи (со доплнителна доплата – 20 евра). Враќање  во хотелот. Вечера. Ноќевање.

 

03.06 Пети ден: Кападокија– Сиде (460 км)

После појадокот  Вие ќе се упатите на прекрасна екскурзија преку планината Тавар кон Средоземноморското крајбрежје. По патот ќе  го посетите селџускиот карван – сарај по Патот на свилата. Големите згради со раскошно украсени врати создаваат слика на тврдина  од источните приказни. По пристигнувањето  сместување во хотел  во регионот  на Анталија.

 

04.06 Шести ден: Сиде – Анталија – Сиде (150 км)

Појадок. Обиколка на Анталија (вклучена во цената). Во тој ден Вие ќе видите еден од нај-убавите  градове на Турската Ривиера – Анталија. Стариот град, плоштадот на републиката, симбол на градот  – минарето Ивли, споменикот  на основачот  на градот пергамскиот цар Атал ІІ, вратата на Адриан / изградена во  чест на посетата во градот на римскиот император Адриан во 130 г. пр.н.е., водопадот Доден. Исто така, ке Ви биде представена можност, да разгледате бутици за кожени и бижутерски производи. Занаетчиите од областа ке Ви предложат рачно направени турски производи. Враќање в хотелот. Вечера. Слободно време. Ноќевање.

 

05.06 Седми ден: Сиде

Тој ден ке ви предложиме едни од нај-интересните историски екскурзии. Екскурзија до Демре, Мира и Кекова (со дополнителна доплата – 65 евра со вклучен ручек) – на оваа екскурзија ке го посетите древниот град Мира, основан во 5 в.пр.н.е., ке ги  видите скалните гробници од  епохата на Ликијскиот сојуз, римски театар и ке ја  посетите црквата, каде е погребан Свети Николај Чудотворец. Исто така ke Ви разкажат за чудни свети места. Ако решите, дека сакате полудневна екскурзија, може да изберете Екскурзија до Сиде и Манавгат (со дополнителна доплата – 40 евра со вклучен појадок) – на таа екскурзија ќе го посетите античкиот  град Сиде, водопадот во Манавгат, џамијата  Кулие (Kulliye) во Манавгат, како  и ке имате  време за плажа и ке се повозите на јахта. (Може да изберете само една од предложените екскурзии во тој ден). Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

 

06.06 – 08.06 Осми -Десети ден: Сиде

Денови за одмор во хотел.

 

09.06-10.06 Единаесети ден: Сиде – Аеродром Анталија – Скопје

Појадок на 09.06. Одјавување од хотел и слободно време до попладневен трансфер. Tрансфер од хотелот до аеродромот  во Анталија. Полетување од Анталија во 00:20 часот на 10.06 за Скопје со чартер лет  и слетување во Скопје во 01:20 часот

 

ПАКЕТ “СТАНДАРД “: 509 еур по лице

 

Хотели за сместување по пакет “Стандард”, во регионот на Анталија:

HANE SUN http://www.hanehotels.com/hane-sun(или сличен)

Хотели за сместување во Кападокија за пакет “Стандард “:

BY CAPPADOCIA HOTEL & SPA  http://www.bycappadociahotel.com/ (или сличен)

 

Цените се по лице во евра и вклучуваат:

·        Авионски билет Скопје – Анталија – Скопје;

·        Аеродромски такси;

·        Рачен багаж и 20 кг. чекиран;

·        PCR тест за влез во Турција

·        Транфери по програмата;

·        7 ноќевања во Анталија / Сиде во хотел 4*/5* на база појадок и вечера ;

·        3 ноќевања во Кападокија во хотел 4*/Бутик на база појадок и вечера ;

·        Програма за екскурзија во Кападокија со лиценциран водич на бугарски јазик;

·        Разглед на Анталија;

·        Посета  на Мавзолејот на Руми Мевлјана;

 

Цените не вклучуваат:

·        Трошоци од личен карактер;

·        Ручек;

·        Пијалоци;

·        Дополнителни екскурзии:

·        Летање со балон – СПЕЦИЈАЛНА ПРОМО  ЦЕНА 110 евра;

·        Кападокијска вечер со пијалоци и програма – 30 евра;

·        Ритуал на дервишите – 20 евра;

·        Демре, Мира и Кекова – 65 евра;

·        Сиде и Манавгат – 40 евра;

·        Џип сафари – 55 евра;

·        Карти за влез  на музеите в Кападокија: Подземниот  град Кајмакл (42 TL), скалните цркви во Гореме (54 TL) и Учхисар (8 TL), кервансарај “Султанхан” (10 TL); Црната црква во Гореме – 18 турски лири;

·        Сите услуги по сопствена желба;

·        Такса – 15 евра по лице за целиот престој;

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛЕТ
Авиокомпанија: Anadolujet / Turkish Airlines

Скопје – Анталија 05:15 – 7:55

Анталја – Скопје 00:20 – 01:20

 

УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
1. Плаќање:
– Авансово плаќање од 30 % депозит по лице ;
– Доплата: до 30 дена пред датата на патување;

 

2. Неопходни информации за лицата кои ќе патуваат:
–  Име и презиме по пасош;
–  Единствен матичен број (ЕМБ) или дата на раѓање, ако лицето е странски државјанин;
–  Број на пасош и дата на важност ;

*Туроператорот не носи одговорност за испратени неточни податоци.

3.  Рок за откази:
–  Крајниот рок, во кој клиентот може да се откаже од договорот (отказ), без пенали е до 60 дена пред датата на патувањето.
– При откази од 60 до 30 дена  пред датата на патување, пеналите се во размер на уплатениот депозит, согласно со условите  на конкретната програма, но не по малку од 50% од цената на патувањето.

– Ако отказот  е од  29 до 15 дена пред датата  на патување , пеналите се  во размер на 70% од цената на патувањето

– Ако отказот  е 15 и по-малку денови пред датата на патување, пеналите се  во размер на 100% од цената на патувањето

 

ВНИМАНИЕ: Авиокомпанијата го задржува правото  за промена на часовите  на полетување  и слетување , за кое  агенцијата ќе ги информира своевремено патниците.

 

Важна информација: За патување до Турција е потребен валиден меѓународен пасош. Пасошот  треба да е со валидност најмалку  6 месеца по датата на влез во земјата.

Забелешки:

>>Посочените цени се ексклузивни за објавениот  период.

>>Патувањето  не е погодно  за лица со ограничена подвижност.

 

Неопходни документи:

– меѓународен пасош со минимална валидност 6 месеца;

– не е потребна виза , санитарни или други специфични барања за патување во Турција;

Корисна информација:

Некои од  дополнителните екскурзии се реализираат при определен минимум. Возможна е промена на цените на дополнителните екскурзии предложени на лице место или откази од причини кои не зависат  од  туроператорот, како лоши метеоролошки услови или слични.

Можна е промена  во редоследот  на разгледувње  на забележителностите во програмата.

Важно: За Деца до 18 г. кои патуваат  без родителите или само со еден од нив треба да имаат оригинал и копија на нотарно заверен документ (полномошно), дека и двајцата  родители се согласни детето да патува во странство. Ако дете под 18 години патува само со еден од родителите (или со друг придружник, различен од родител), тој треба да носи нотарско заверено полномоштво од родителот кој не патува + копија од него (а ако патува со друг придружник – и од двајцата родители) за излез на детето во странство (во случај детето да патува  со двајцата  си родители, но тие се со различни презимиња, тие треба да достават извод на раѓање  на детето, како и копија од истото). Тој документ ќе послужи пред граничните власти.

* Програмата нема минимален број на патници за реализација, а рок за отказ од страна на агенцијата  при неможност за реализација на истата е 7 дена пред патување.