ХОТЕЛ АКВАЛИНА – СВ.СТЕФАН

You are currently viewing ХОТЕЛ АКВАЛИНА – СВ.СТЕФАН

Хотел Аквалина се наога во туристичката населба Св.Стефан оддалечен 6 км од центарот на Охрид на регионалниот патен правец Охрид- Св.Наум.Комплексот на хотелот се наоѓа на самиот брег на Охридското езеро опкружен со пространство на бистра езерска вода од една страна и бескрајна зелена шума од националниот парк Галичица од друга страна. Ваквата местоположба Ви дава можност да поминете незаборавен одмор во стилот на модерното опкружување.

Сместување:
1 Апартман со сауна, 6 соби со сауна и француски лежај ,7 соби со џакузи и француски лежај, 64 двокреветни соби,6 трокреветни соби.

Сите соби се опремени со ЛЦД ТВ , кабловска телевизија,телефон,WI-FI ,купатило,фрижидер,услуга во соба. Исто така располагаме со сопствен паркинг кој е бесплатен за нашите гости.

Конференции :
Хотел Аквалина располага со повеке сали и простории за одржување на конгреси,симпозиуми,семинари и бизнис средби.

Капацитеот на салите е од 30 до 150 седишта,целосно опремени за непречено одржување на вашите настани.

Спортски терени:
Хотел Аквалина располага со 2 спортски терени комбиниран за мал фудбал,кошарка, ракомет, тенис, одбојка,и еден терен за голем фудбал.

Терените ги задоволуваат потребите за одржување на секакви спортски приредби,а особено идеални за припреми на спортски екипи.

Плажа:

Хотел Аквалина располага со соптвена плажа. Во склоп на плажата работи и бар со капацитет од 100 седишта каде во секое време на денот може да се освежите со алкохолни и безалкохолни пијалоци со звуците на тивка и пријатна музика.Плажата е опремена со лежалки и чадори за сонце.

гостите можат да уживаат во отворен базен со лежалки и бесплатна услуга за пешкири.  бар-услуга е достапна во двата базени со вкусни сендвичи, свежи салати, коктели и ладни пијалоци.

Плажата во летниот период е комплетно покриена со професионални спасувачи на вода.

Ресторан :

Хотел Аквалина располага со сопствен ресторан со околу 220 седишта погоден за фамилијарни веселби ,крштевки,родендени и свадби.Во склоп на хотелот работи и летна тераса која ви овозможува прекрасен поглед кон езерските бистри води.Врвните специјалитети на нашата кујна ке ви овозможат еден пријатен и незаборавен одмор

 

Хотел Аквалина -Охрид
Цени по лице на ден на база ноќевање со појадок
11.05-31.05.2021 22eur BB / 26eur HB
01.06-10.06.2021 26еур BB
11.06-31.08.2021 28еур BB
01.09-15.10.2021 40еур ALL
Доплата за вечера – 8еур по лице на ден
Доплата за соба со поглед + 3еур
Еднокреветна Соба: 50% попуст
Доплата за соба со сауна или џакузи +10еур

 

Дополнителни услови:

Соба со дополнителен кревет за 3то лице – 30% попуст

Политика за деца:

  • Прво дете до 5,99 год. гратис ( заедно со родители)
  • Второ дете до 5,99 год. плаќа -50% од сумата (посебен лежај)

Гратисот за деца до 5,99 год. е на база ББ, доплата за вечера +5 еур.

  • Деца од 6-11,99 год. имаат попуст од 30%

Во цената е вклучено:

  • Во цените е вклучена туристичката такса.
  • Користење на базенот и лежалки на базен
  • Интернет
  • Паркинг
  • Спортски терени со закажување

Доплата:

  • Лежалки на плажа се наплаќаат 100 ден.

 

Политика на отказ на резервација:

До 15 дена пред поагање – без пенали, од 14-06 дена пред поагање – 30% пенали, од 5 до 1 ден пред поагање – 100% пенали.