8ми Септември во Валона

You are currently viewing 8ми Септември во Валона

8ми септември во Валона – мини одмор на брегот на Јадранско и Јонско море

Валона прераснува во европска туристичка дестинација, на самата граница помеѓу Јадранското и Јонското море. Се чини, место идеално за летување на просечно македонско семејство. Поефитно од Грција, дури и од Скопје. Официјална валута е „лек “, сепак не е проблем и да платите во евра, но кусурот го добивате во леки. Во секој маркет, ресторан, кафуле – за 1 евро добивате 130 леки. Отприлика 1:2 е соодносот со македонскиот денар.

ноќевања со појадок + бус + лежалки на плажа

1 ден: 08.09.2021 Среда  Поаѓање за Валона  од Битола на паркингот Спортска сала во 03.00 часот со туристички автобус. Патот води преку Ќафасан  низ Албанија по новиот автопат. Пристигнување во Валона  во претпладневните часови, сместување во хотел 4* во областа Радиме. Вечерта организирана посета на Валона со можност за разглед на градот навечер. Ноќевање1.

2 ден: 09.09.2021 Четврток Појадок. Ден за слободни активности и одмор. Можност за факултативна посета (10 еур) на манастиорот Звернек,  кој се наоѓа на малиот остров прекриен со борова шума, византиски манастир од 13 век посветен на Пресвета Богородица. За да стигнете до манастирот, се патува на  дрвен мост (270 метри). Амбиентален ентериер. Целата област е многу живописна, особено на зајдисонце, каде имате и можност за изнајмување на АТВ возила за доживувањето биде комплетно. Ноќевање 2.

3 ден: 10.09.2021 Петок Појадок. Ден за слободни активности и одмор. Можност за факултативна екскурзија до Дерми, најпознатата и најубава плажа на албанското крајбрежје со целодневно капење и уживање во модерните барови на плажа ( 15 Еур). Ноќевање 3.

4 ден: 11.09.2021 Сабота Појадок. Слободен ден.Организирано целодневно крстарење (факултативно 20 Еур) со брод околу полуостраовот Карабурун.  Одлична можност да се посетат неколку убави плажи со можност за капење, како и организирана забава на бродот каде можете да се освежите со пијалоци и храна по пристапни цени. Ноќевање 4.

5 ден: 12.09.2021 Недела Појадок. По појадокот  слобиден ден за  уживање во тиркизното море.  Попладне во 15 часот, поаѓање за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во Битола во доцните вечерните часови.

ЦЕНА: 139 евра (8.618 денари)

Еднокреветна соба 169 Еур. Деца 2 -12 години 89 Еур.  Сопствен превоз -20 Еур од цената.

Во цената се пресметани следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација

  • Сместување во хотел 3* во Валона (Радиме) на база 4 ноќевања со појадок како и лежалки и чадор за на плажа.

    Hotel Denta 3* – одличен хотел со сопствена плажа и рибен ресторан со врвни препораки

Хотелот располага со двокреветни и трокреветни пространи соби, широко двориште со зеленило и играчки за деца, сопствена уредена плажа со лежалки и чадори (ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНА) https://hoteldenta.com

  • Излет до градот Валона (вклучено во цена) http://albania.al/destinations/vlora/

  • Излет до познатото летовалиште со најубавите плажи – Дерми и попатна посета на паркот Логара(Факултативно 10 еур)  http://albania.al/destinations/dhermi/
  • Организација и пратител на патувањето

Во цената не се пресметани следните услуги:

  • Организирана вечера со пијалок (15 Еур)

  • Екскурзија со брод 20 Еур https://www.facebook.com/OfficialPageLiburna.al
  • Екскурзија Дерми 15 Еур
  • Екскурзија манастир Звернек 10 Еур
  • Трансфери останати градови (10 Еур)
  • Патничко осигурување

НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници

За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. Ариес

Хотел Дента 3* Радима/Валона

Сместен во Валона, на 2,8 км од плажата Радима, хотелот Дента располага со ресторан, бесплатен сопствен паркинг, бар и градина. Одликувајќи се со семејни соби, хотелот исто така им обезбедува на гостите детско игралиште. Собите во хотелот се опремени со ТВ со рамен екран со сателитски канали. Сите единици во хотелот Дента вклучуваат климатизација и биро. Доручек се служи на шведска маса.