8ми Септември на Кефалонија

You are currently viewing 8ми Септември на Кефалонија

8ми Септември мини одмор на

Кефалонија и Јонско море

 

ноќи / 5 дена – автобус

Јонско море и неговата прочуена убавина ќе ја видите во една програма од 5 дена. Кефалонија и Итака со причина ги нарекуваат островите од бајките : белата боја на карпите, школките и песокта, сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации: зеленилото на боровите, чемпресите, шаренилото на цвеќињата, маслиновите дрвја…

1 ден 08.09.2021 – Среда ( Битола – Кефалонија)

Состанок на групата во 03,30 пред Спортска сала Битола . Поаѓање за Грција во 04:00 ч. преку граничен премин Меџитлија. Возење со попатни паузи за освежување. Пристигнување во Нидри- Лефкада во пладневните часови. Можност за кратка пауза за разгледување на местенцето прошетка по нејзините тесни улички и амбиентални продавници и ресторани додека се качиме на брод за Фискардо-Кефалонија. Пристигнување на Ликсури (Кефалонија) после час и половина патување со брод и еден час по прекрасниот крајолик на Кефалонија. Сместуваме во хотел со 4*.  Ноќевање 1.

2 ден 09.09,2020 Четврток ( Кефалонија – разглед на јужниот дел на островот )

Појадок. Заминување на организиран разглед со водич на островот од неговата источна  страна , со прекрасната природа, надалеку прочуените плажи и крајбрежја, како и запознавање со богатата историја на островот кој ја дели судбината на повеќето острови од јонскиот архипелаг. Ќе ги посетиме плажата Антисамос, пештерата Дрогарати, езерото Мелисани, фото-стоп на плажата Миртос. Можност за ручек во рибен ресторан-таверна. Враќање во Ликсури. Слободно време за одмор, прошетка. Вечерта можност за организирана Грчка вечер со вечера, бесплатно вино, како и запознавање со фолклорот на Кефалонија низ игри и танци – факултативно 25 Еур. Ноќевање 2.

3 ден 10.09,2021 Петок  (Кефалонија – Итака)

Појадок. Островот кој те фасцинира од првиот момент кога ќе стигнеш. Придружете ни се да откриеме голем дел од Кефалонија што можете само да го запознаете и да го изуживате само со брод (доколку дозволуваат временските услови) Придружете ни се на нашето патување до Итака, родното место на Одисеј и неговата Пенелопа. Незаборавни глетки кои ќе ви останат врежани уште долго во сеќавање. (Факултативно 20 Еур). Ноќевање 3.

4 ден 11.09,2021 Сабота (Кефалониаја )

Појадок. Слободен ден за користење за оргаизирана посета на плажа. Вечерта организирана посета и запознавање  на местото Аргостоли. Ноќевање 4.

5 ден 12.09.2021 Недела (Кефалониаја – Битола)

Појадок. Заминување кон копно  за Астакос и  заминување кон Јанина и посета на маркетите Џамбо и Икеа. Заминување за Битола. Пристигнување во Битола во вечерните часови.

Цена: 179 Еур/11.098 MKD

 

Деца 2-12 години со 2 возрасни 99 Еур.

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски и бродски превоз на наведената релација
  • 4 ноќевања со појадок во хотел Palаtino 3* Lixiuri https://hotelpalatino.gr/
  • Разглед на Кефалонија
  • Организација и придружник на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Патничко осигурување
  • Факултативни излети и влезници
  • Екскурзија со брод до Итака 20 Еур
  • Грчkа вечер со комплетно мени, неограничено вино, музика и танци 25 Еур
  • Индивидуални трошоци на патниците
  • Поаѓање од останати градови 10 Еур повратен трансфер
  • Време на поаѓање од останати градови:
  • 23:00 h Скопје (Дрводекор)
    23:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
    01:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново)
    01:30 h Прилеп (бензинска пумпа Лукоил)
    02:00 h Битола (Пред спортска Сала)
    01.00 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола
    24:00 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
    23,30 h Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола

Важат Општите услови на патување на СКТМ и ТА МИГ ТРАВЕЛ