1ви Мај на Малта (30 април-04 мај)

You are currently viewing 1ви Мај на Малта (30 април-04 мај)

1ви Мај на Малта

мини пролетен одмор на Медитеран

Краток незаборавен одмор од 5 дена на најнеобичниот остров на Медитеранот

5 дена / 4 полупансиони / авион /30 Април – 04 Мај 2023/ Програмата е креирана: 07.01.2023

Малта е најголемиот остров и културен, трговски и административен центар. Тука се премостуваат милениуми од неверојатен спектар на работи кои треба да се откријат. Каде и да одите, сценографијата и архитектура се со спектакуларна позадина. Боите се впечатливи, боите на меден-камен во мешавина со медитеранската сина. Малта е опишан како еден голем музеј на отворено. Она што ја прави уникатна е тоа што толку многу од минатото е видливо денес. Истражете ја мистериозната праисторијата на островот, рутата на стапките на Свети Павле или пак видете каде витешкиот ред на Свети Јован се борел во своите најпознати битки. Малта е одмор, Малта е расположение… Може да се релаксирате со спорт, да ги посетите познатите историски знаменитости, и сеуште да имате време за ноќен живот. Тоа е вистинската предност на престојот тука. Малта има велнес и спа објекти на луксузни хотели и одморалишта. И, ако тоа не ви е доволно, тука се другите два острови – Гозо и Comino-кои може да бидат пријатна промена на сцена за време на вашиот престој во Малта. Изборот е ваш!

30 Април 2023 (Недела) Битола – Скопје – Малта

Состанок на групата на аеродром Скопје во 18.00 часотПолетување во 20:10 часот . Слетување на аеродром во Малта во 21,55 часот (локално време).  Трансфер и сместување во хотел Сореда 4* во Буџиба. Вечера. Ноќевање 1.

01 Мај 2023 (Понеделник) МАЛТА- ГОЗО

Појадок. Слодобден ден.  Можност за факултативна целодневна посета на Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг. Тргнување со брод од пристаништето Cirkewa. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров. Панорамски разглед на Рабат или Викториа, главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi… посета на Dwejra, спектакуларно место каде се наоѓал Азурниот прозорец, како и посета на црквата ta’Pinu… Цена на турата (со вклучен ручек) 60 Еур. Попладне враќање во хотел. Вечера. Ноќевање 2.

02 Мај 2023 (Вторник) Моста-Мдина-Валета

Појадок. Слободен ден. Можност за факултативна целодневна екскурзија до M0sta, Mdina, Crafts Village i Valetta. Разглед на Валета изграден од витезите на St. John. Разгледот го започнуваме со 3Д шоу каде низ видео запис ќе првично ќе се запознаеме со Малта. Потоа прошетка низ сликовитите улички се до Градините “Barracca” од каде што има панорамски поглед на Големиот Залив. Можност за посета на богато украсената Катедрала и музејот на St. John, со светски познатите уметнички ремек дела на Караваџо и Матија Прети (влезница 15 ЕУр) … Цена на турата: 60 Eur. Попладне враќање во хотел. Вечера. Ноќевање 3.

03 Мај 2023 (Среда) Kомино и Плава Лагуна или крстарење по заливот Валета

Појадок. Слободен ден. Можност за избор за организирана факултаттивна тура со автобус и брод за островот Комино или пак крстарење по заливот Валета. Комино е населен остров со околу 500 жители. Непосредно од Комино се наоѓа Коминото. Коминото е многу мал остров кој спаѓа во Комино и е ненаселен. Помеѓу Комино и Коминото се наоѓа познатата „сина лагуна“ која е многу посетена од туристи од насекаде. Островот го добил името по растението ким (Cuminum cyminum) што е мошне распространето на таа почва. Целодневна екскурзија со можност за забава, ланч пакет, неограничени пијалоци и многу насмевки. Цена 40 Еур. Крстарење по заливот Валета 30 Еур. Враќање во хотел во попладневните часови.Вечера. Ноќевање 4.

04 Мај 2023 (Четврток) Малта-Скопје-Битола

Појадок. Слободно претпладне за прошетка и шопинг во многуте трговски комплекси во близина. Одјавување од хотел. Можност за факултативна  екскурзијата кон трите града Senglea-Isla, Vitoriossa-Birgu, Conspicoua Bormla, едни од најубавите историски места на Малта, од каде ќе ги дознаеме за историјата и културата на Малтежаните (40 Еур). Бедемите кои се направени за заштита на градот од витешкиот ред, кои датираат од 16ти век. Ќе ги погледнеме најлуксузните марини на островот кад се вкотвени јахтите на светскит џет-сет. Враќање во хотел. Организиран трансфер до аеродром во 18.00 часот. Полетување за Скопје во 21,50 часот. Слетување во Скопје во 23:30 часот. Организиран трансфер до Битола и останати градови со доплата..

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 399 Еур/ 24,738,00 мкд

Цена за уплата до 30/03/2023 : 371 Еур/23,000 мкд

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Авионски превоз на наведената релација Скопје – Малта – Скопје со WizzAir (авионска карта со рачен багаж 8кг)
– Трансфер аеродром – хотел – аеродром во Малта.
– Сместување во хотел Soreda 4* (базен, фитнес, сауна)во на база 4 ПОЛУПАНСИОНИ (појадок+вечера)
– Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

– Трансфер Битола-Скопје-Битола 20 Еур
– Факултативна посета на Моста-Мдина-Валета (МОСТА – ТА’АЛИ ) 60 Еур
– Факултативна посета на Гозо 60 Еур
– Факултативна  екскурзијата кон трите града Senglea-Isla, Vitoriossa-Birgu, Conspicoua Bormla 40 Еур
– Факултативна посета на островот Комино и Плавата Лагуна со можност за капење 40 Еур
– Факултативна крстарење по заливот Валета 30 Еур
– Туристичка такса во хотел
– Влезници за културно историските музеи
– Патничко осигурување
– Сите неспоменати трошоци

НАПОМЕНИ:
* ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!
* За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
* За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
* Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош,
комплетна доплата 14 дена пред поаѓање.
* Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
* Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција
Општи напомени за патување:
– Агенцијата го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на
граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

важат општите услови на ТА. Миг Травел и Ариес