1 ви Мај Касандра+Дуатлон

You are currently viewing 1 ви Мај Касандра+Дуатлон

Прво Балканско првенство во крос-кантри велосипедизам и трчање

29-30 април 2023 година

Касандра Халкидики

Програма на патување:

 

 

1.ден 27.04.2023

Состанок на групата во 04.00 часот од Дрво Декор од Скопје и Автобуска Станица Транскоп во Битола. Поаѓање во 04.30 часот . Патувањето продолжува за Калитеа/Ханиоти со попатна посета на  Солун поточно посета на трговскиот центар Космос и слободно време за Шопинг и слободни активности. Поагање за Калитеа околу  13.00 Часот по локално време. Сместување во апартманите (Фортуна програма).  Иститот ден и мал инфо состанок за пријавените кои што ќе учестуваат на дуатлотнот. Ноќевање

 

2.ден 28.04.2023

 Слободно време за индивидуални активности и прошетки.За пријавените на дуатлонот организирана обука за процедурите за трката. Во вечерните часови фаултативна посета на Афитос. Ноќевање

 

3.ден 29.04.2023

 Слободно време за индивидуални активности и прошетки.

На 29/04 се организира и првиот дел од Дуатлонот а тоа е  трката со велосипеди во должина од 32 километри која што ќе започне од Термалните бањи во Агиа Параскеви преку шумскиот предел на Касандра па се до главниот град Касандриа, додека оние кои што не учествуваат имаат слободно време за индивидуални активности  .Во вечерните часови слободно време за прошетка и за заинтересираните факултативна посета на грчка Таверна. Ноќевање

 

4.ден 30.04.2023

За пријавените се одржува официјалната трка во трчање додека останатите можат да ги бодрат пријавените со што ќе има организиран превоз до Касандреа.

(Собир на пријавените во 09.00 часот пред СПА центарот во Лутра Аја Параскеви каде што ке имаме и заедничко фотографирање)

 

Маршрута 5км Трчање– Почеток 09:30 часот

Официјалната рута ќе се одвива по веќе точно определена патека која што ќе биде околку градот Касандреа.

 

Маршрута 10 км Трчање – Почеток 10:30 часот

Официјалната рута ќе се одвива по веќе точно определена патека која што ќе биде околку градот Касандреа.

 

Маршрута 2км Полумаратон – Почеток 10:00 часот 

Сите спортисти тргнуваат од централниот плоштад на селото Ханиоти преку провинцискиот асфалтен пат до селото Полихроно, каде што ќе го свртат лево и низ шумските и патеките ќе стигнат до целта на централниот плоштад Касандреја .

 

5.ден 01.05.2023

Одјавување од Собите. Слободно време за индивидуални прошетки. Во пладневните часови поагање за Македонија

 

Временска рамка на трките:

Четврток 27 април 2023 година – Пристигнување и собирање на спортистите

Петок 28 април 2023 година – Ден на обука

Сабота 29 април 2023 година – Трка на планински велосипед / крос кантри

Недела 30 април 2023 година- Сите останати трки.

 

Цена по лице:

109 Евра

Промо цена 99 Евра за резевации до 28/02/2023 година

 

Во цената е вклучено:

4 Ноќевања во Апартманско сместување во Калитеа и Ханиоти (Фортуна програма сите сместувања се со сопствен тоалет и кујна )

Автобуски превоз на Релација Скопје или Битола до Халкидики

Попатна посета на трговскиот центар Космос во Солун

Организиран Трансфер на 30/04- до Касандреа

Прво  и Второ  дете до 11,99- 10 Евра од Редовната цена 

Во цената не е вклучено:

факултативна посета на Афитос 5 Евра по лице

(Планинска велосипедска трка + полумаратон) = 50 евра по лице

(Планинска велосипедска трка 31км) = 40 евра по лице

(Полумаратонска трка 21км) = 40 евра по лице

(Трка на трчање 5 км или 10 км) = 25 евра по лице

-Велосипеди-сите пријавени кои што сакаат да учествуваат на крос кантри трката а немаат свои велосипеди можат да изнајмат од организаторот ( информации за типови на велосипеди и цена во ЈК Травел во корелација со организаторот од Грција) 

Напомена: Во автобусот не е можно да се носат велосипеди 

 

Пијалок:

Сите спортисти и нивните придружници ќе добијат специјална картичка со 10% попуст во таверните и продавниците за брза храна во Калитеа и Ханиоти .

 

Прописи :

Трката се одржува според условите на Управата и Организациониот одбор на трката.

– На сите спортисти им е дозволено да учествуваат се додека можат да обезбедат лекарско уверение

– Употребата на кациги е задолжителна за сите натпреварувачи.

– Организациите не сносат никаква одговорност за какво било кинење или оштетување на спортската опрема во случај на несреќа.

 

 

Пријавување за учество на Дуатлонот до петок 11 април 2023 година, 20:00 часот кога нашата платформа ќе биде официјално затворена.

==============

Информации :

Официјалните штандови за сите информации ќе бидат отворени на стартната линија во 20.00 часот и ќе се затвораат 30 минути пред да започнете која било трка.

================

Штандови за набавка :

За време на планинската велосипедска трка и полумаратонско трчање, штандови за снабдување со вода ќе бидат поставени на секој 3-ти км , а штандови за пијалоци на 6-ти км. На целта , друг штанд за храна со различен вид освежување ќе ги чека нашите спортисти.

Награди:

Медалите ќе се доделуваат се до 3 мето (по категории машки/женски се додека потребниот број на натпреварувачи е 15 по трка):

=============

Приватност и правни услови:

Секој учесник (атлетичари, тренери, придружници, публика, волонтери или кое било лице кое на кој било начин е поврзано или ангажирано со настанот) треба да биде информиран дека со учество на некоја од трките или воопшто во организација, се согласуваат со условите за приватност како нивните имиња и фотографии од која било трка, официјални резултати и време на целта, како и сите официјални видеа да се користат и споделат во пишани или дигитални медиуми – социјални мрежи …

Сите настани, ќе бидат поддржани од локалната полиција поради безбедносни причини

Важат општите услови за патување на ЈК Травел и Т.А Миг Травел