БЕРАТ-ВАЛОНА-ТИРАНА

БЕРАТ-ВАЛОНА-ТИРАНА

1.ДЕН (10.10.2020 – сабота) : БИТОЛА. Состанок на групата на Автобуска Станица Транскоп во утринските часови . Поаѓање за Албанија. Патувањето поминува преку граничниот премин Ќафасан , со мали попатни паузи пристигнување во Берат- наречен “Градот на илјада прозорци” поради големите прозорци кои ги красат куќите. Град со прекраснo испреплетена архитектура со христијански и муслимански карактеристики, многу религиозни објекти. Посета на тврдината и на музејот на Онуфри. Во договорено време поаѓање кон Валона ( околу пладневните часови пристигнување во Валона и сместување во Хотел. Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на градот. Ноќевање.

 

2.ДЕН (11.10.2020 – недела) : Валона . Појадок . Факултативно крстарење почнувајќи од Валона – Карабун – островот Суза и враќање во Валона. Во вечерните часови организиран разглед на Валона и опција за факултативна Вечера во ресторан покрај море. Враќање во Хотелот. Ноќевање.

 

3.ДЕН (12.10.2020 – понеделник) : Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Заминување за Тирана, следи панорамски разглед на градот…плоштадот Скендербег, Операта, Етем беј – џамијата, Националната библиотека, Саат-кулата (симболот на градот), Националниот историски музеј… слободно време за индивидуален разглед на градот. Во попладневните часови – поаѓање за трговскиот центар ТЕГ (можност за шопинг и освежување пред поаѓањето за Македонија). Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Пристигнување во Битола во касните вечерни часови.

Цена на аранжанот:  

89 € со поагање од Битола и Прилеп
Организиран Трансфер од Скопје, Велес, Штип, Кавадарци + 10 Евра

 

Попусти и доплати :

-Едно Дете до 1,99 Год Бесплатно.

-Деца од 2 до 11,99 год. минус 10 Евра од цената за возрасен.

-Еднокреветна Соба( + 70 % од второто лице ) 

 

ЦЕНАТА на АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :
-Автобуски превоз на горенаведената релација
-2 НП во хотел Bologna 4* (http://bologna.vlore.hotels-al.com/en/) ,
-пратител на групата, организација, водство и реализација на аранжманот.

 

ЦЕНАТА на АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА :
-Влезници при посета на културно-историските споменици,
-патничко осигурување.
-факултативна вечера.
-факултативно крстарење 30 Евра.

 

Напомена:

Патувањето се прави преку граничен премин Ќафасан со важечка лична карта или пасош и не е потребен PCR тест

За реализација на патувањето потребни се минимум 35 патници (75 % пополнетост на автобусот)

МИГ Травел го заджува правото за откаж на аранжманот 6 дена пред поаѓањето.

 

За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и МИГ ТРАВЕЛ