САРАЕВО – ЈАЈЦЕ – МОСТАР 

You are currently viewing САРАЕВО – ЈАЈЦЕ – МОСТАР 

2 термини:
23-26.05.2024
20-23.06.2024

Програма на патување:
 
1 ден Состанок на групата во 18:45 часот и заминување за Босна и Херцеговина, со попатни паузи и царински формалности.

2. Ден Пристигнување во Б и Х во раните утрински часови и посета на Вишеград. Можност за факултативно крстарење по Дрина. Крстарењето е со речни бродови и трае околу 30 тина минути, започнува од мостот на Дрина, а завршува во Камен Град ( Андриќ град). Потоа се упатуваме кон Сараево. Пристигнување во Сараево во пладневните часови. Сместување во хотел одмор околу 90-120 минути. Потоа заминување за разглед на градот – панорамски разглед Илиџа, олимпиското село, Ново Сараево, Скендерија, Баш Чаршија… Продолжуваме со пешачка тура од Вјечница до православнната црква. Слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.

3. ден Доручек . По доручекот факултативен целодневен излет за Плива, Јајце и Травник. Пливските езера (Езерата Плива) се неверојатно природно богатство лоцирано во близина на градот Јајце во Босна и Херцеговина. Составени од две меѓусебно поврзани езера, Големото Пливско и Малото Пливско Езеро. Потоа се упатуваме кон Јајце – Посета на водопадот Плива, Музејот на АВНОЈ и Тврдината. Пливскиот водопад ― водопад кој се наоѓа во близина на гратчето Јајце, во средишна Босна и Херцеговина, каде што реката Плива се спојува со реката Врбас. Водопадот е голем туфа, исто така познат како травертинска пречка, која прави каскада над 22 метри на реката Плива, во тесна карстна зона, која го следи текот на Плива, повлечена во контактна зона со флиш и варовник. Бил висок 30 метри, но по земјотресот за време на босанската војна и нападите врз електраната подалеку од реката, областа била поплавена и сега водопадот е висок 22 метри.
Јадрото на старата Јајцешка тврдина, вклучувајќи го и водопад, и други засебни наоѓалишта надвор од периметарот на тврдината, како што се Јајцешкиот митреј, е определен за „природни и архитектонски ансамбл на Јајце“ и предлог за упис во УНЕСКО на списокот на светско културно наследство. Понудата за прием во моментов е ставена на пробната листа на УНЕСКО. Посета на Музејот на АВНОЈ – објектот каде 1943 беше создадена ЈУГОСЛАВИЈА. Потоа заминување за Травник, пауза за ручек и разглед на градот куќата на Иво Андриќ, Шарена џамија, Саат Кулата.. Враќање во Сараево. Слободно време . Ноќевање.

4. ден Доручек. По доручекот одјавување од хотелот. Посета на Врело Босне. Заминување за Коњиц, посета на Титовиот Бункер. Кратка пауза во Јабланица местото каде се одвиваше Битката на Неретва. Пристигнување во Мостар во попладневните часови .. Слободно време за ручек и посета на Старата чаршија, Стариот Мост, Крива чуприја… Околу 17 часот заминување за Македонија

5. Ден Пристигнување во Македонија во раните утрински часови

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 6100 мкд

Цената вклучува
– 2 ноќевања со доручек во хотел со 3 или 4 ****
– Превоз на дадената дестинација со туристички автобус
– Организација и водство на групата со лиценциран придружник

Цената не вклучува:
– Туристичка такса 2.5 евра за цел престој
– Крстарење по ДРИНА 6 евра
– Факултативна посета на Пливски езера, Јајце и Травник ( превоз + влезници + придружник) 75 евра
– Влезница за Титовиот Бункер 11 евра по лице

Трансфер: Струга, Охрид, Ресен 10 евра по лице повратно
 
НАПОМЕНИ:
– Доплата за еднокреветна 25 € од цената на аранжманот;
– Дете 2-11,99 год. во придружба на 2 возрасни плаќа 70 % од сумата.
– За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или лична карта.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
–  Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
–За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата.
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.

  • Oрганизатоторот има право за отказ на аранжманот 5 дена пред поаѓање заради недоволен број на патници или виша сила.