Кајмакчалан – 4×4 Екскурзии

Кајмакчалан – 4×4 Екскурзии

Кајмакчалан е највисокиот врв на Ниџе планина (2.521 m) и една од клучните позиции на Македонскиот фронт за време на Првата светска војна.
Од врвот Кајмакчалан се гледаат Островското езеро и Петерското езеро во Грција, како и областа Мариово во Македонија. Во близина на Кајмакчалан се наоѓаат селата Скочивир, во Македонија, како и селото Чеган и ски-центарот Ворас, во Грција.

Постои предание дека врвот Кајмакчалан името го добил според арамијата „Кајмак” (најдобриот) кој со другарите од својата чета се искачил на врвот, носејќи го собраното злато од извршените акции по селата и патиштата. Кајмак ископал дупка и го скрил златото. Кога го закопале златото, војводата го убил Кајмак и рекол дека вака ќе биде вечен чувар на закопаното богатство. (Кајмак+чалам = најдобар што краде).

Битката за Кајмакчалан

Врвот Кајмакчалан во текот на Првата светска војна бил една од клучните позиции на Македонскиот Фронт. Битката на Кајмакчалан останала запаметена во историјата по големиот број на жртви кои ги претрпеле двете завојувани страни, односно бугарската и српската војска, кои една спроти друга биле стационирани на овој дел на фронтот.
И во двете војски имало голем број на присилно регрутирани Македонци.
Дека врвот Кајмакчалан бил важна стратешка позиција, зборува фактот што Бугарите го нарекле „Борисов град“ (по престолонаследникот Борис) бидејќи мислеле дека е неосвоив, а додека пак Србите го нарекле „Капија на слободата“.
Битката за Кајмакчалан е водена помеѓу 12 и 30 септември 1916 година. Помеѓу 26 и 30 Септември борбите биле особено жестоки, се додека српската војска не го зазела и задржала на 30 септември.
Човечките жртви биле огромни и на двете страни, пред се поради битката гради во гради.
Со заземањето на Кајмакчалан, на војските на Антантата им е овозможено да продолжат со понатамошните операции, во кои што подоцна на 19 Ноември 1916 ќе ја заземат и Битола.

Преглед на патувањето

  • Вид на тура: Туристичко возење со Џип (4х4 возило)
  • Тежина на турата: Тешка
  • Локација: Кајмакчалан, Ниџе Планина
  • Време на одржување: По договор од Јуни – Октомви
  • Траење на турата: 9-10 часа
  • Надморски висини: Битола: 615 m – Кајмакчалан 2521 м
  • Максимален број на лица по џип: Возач + 3 лица (за поголеми групи може да се организираат повеќе џипови)

Програма на турата:

  • 07.00 – Поаѓање од Битола
  • 07.40 – Кратка пауза во месноста Коњарка во близина на село Скочивир
  • 08.00 ~ 12.00 – Туристичко 4х4 возење по живописните предели на Мариово до Кајмакчалан со кратки попатни паузи.
  • 12.00 ~ 13.30 – Пристигнување на Кајмакчалан, посета на Спомен капелата, костурницата, разгледување на околината
  • 13.30 ~ 17.00 – Туристичко 4×4 возење – Кајмакчалан Битола
  • ~17.00 – крај на турата и пристигнување во Битола

Патувањето вклучува

  • Превоз до посакуваната локација со теренско возило
  • Организација и реализација на патувањето

Не е вклучено

  • патничко осигурување
  • други индивидуални трошоци